Барај
%
×
HUGO
Ја заокружуваме работната недела во најстилските комбинации за оваа сезона
БЛОГ

Ја заокружуваме работната недела во најстилските комбинации за оваа сезона

 

Иако утрото  не ни ветуваше дека ќе имаме уште еден сончев викенд, расположението секогаш може да се поправи со шопинг на омилените тренди комбинации од нашите брендови.

 

Ве поттикнуваме да за кратко ги подзаборавите “здодевните” парчиња и да се препуштите на храбрите комбинации во кои без соменение ќе оставите впечаток.

 

Животинскиот принт е можеби еден од трендовите кои суптилно се провлекува неколку сезони, но без сомнение оваа пролет е апсолутен хит кај трендсетерките.

Комбинирањето на два принта никогаш не било “пооправдано” па затоа ве охрабруваме да не се плашите од експериментирање.

Љубов на прв поглед се и оделата со цветен принт кои се совршениот избор за да изгледате беспрекорно на вашето работно место или за следната дружба со вашите најдобри пријателки.

Доколку овој викенд се одлучите за прошетка во природа или можеби кафе во омиленото маалско кафуле наш предлог за да изгледате супер тренди е комбинезон во жолта боја или малку поедностава комбинација со омилената кошула Mango искомбинирана со стилски фармерки.

Тексас фустаните се нешто кое модните блогерки го поставија на пиадестал кога станува збор за “must have”парчиња.

За да го зачините изгледот, одберете модни додатоци и чевли во интензивна боја со цел да ја истакнете вашата индивидуалност.

Девојките кои секогаш посегнуваат по пастелни нијанси, сега имаат можност да го разиграат својот изглед комбинирајќи го омилениот фустан или здолниште со патики за супер шик аутфит.

Како последно но можеби и нешто во кое секоја дама би се чувствувала беспрекорно се макси фустаните кои  будат чувство кај сите нас дека... Летото е на прагот.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

28.05.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...