Барај
%
×
HUGO
Среќен Levi’s 501 Ден: Класика од фармерки со уникатна приказна
БЛОГ

Среќен Levi’s 501 Ден: Класика од фармерки со уникатна приказна

 

 

Секоја година, традиционално, на 20 – ти мај се прославува Денот на Levi’s 501 фармерките кои веројатно имаат подолга историја од било кое друго парче потпишана со речиси 150 години.

Оваа година, во чест на Денот на најстилските фармерки било кога направени, брендот ангажираше некои од омилените инфлуенсери во моментов кои зад себе имаат уникатни приказни, а истите ги раскажаа преку ултра кул видеа.

„За да го прославиме денот на совршен начин, оваа година успеавме да споиме седум уникатни млади луѓе со беспрекорен стил и автентичност на кои им дадовме задача да ги направат Levi’s 501 нивна приказна, а тие го направија тоа на единствен начин. Заеднички, тие го претставуваат гласот на денешницата – време на моќни промени, носејќи го и правејќи го она што сакаат“, велат од брендот за нивната кампања.

Во истата, повторно се појавуваат нивните познати бренд амбасадори како Хејли Бибер и Џејден Смит, но и некои сосема нови и свежи лица како тенискиот феномен Наоми Осака, младиот и талентиран кошаркар Шеј Александер, актерката Барби Фереира, интернет сензацијата Ема Чембрлен и американскиот спортист Маркус Рашфорд.

Приказната што се крие зад Levi’s 501 фармерките и останатите оригинални парчиња со овој потпис не е единствено поврзана со безвременскиот стил. Истата се однесува и на исклучителните материјали кои секогаш се на прво место, нивната одржливост, времетраење и враќањето наназад во времето кога сите работи се правеа за да траат и им се посветуваше толку многу внимание.

Токму поради ова, ретко кое друго парче денеска може да се пофали со квалитетот и пред сè оригиналноста како оние на Levi’s 501 како култни фармерки кои им пркосат на трендовите.

Како пред повеќе од стотина години, така и денеска, истите можат да се комбинираат со било кое парче и да изгледаат едноставно фантастично, без разлика на тоа кои трендови и модели се актуелни во моментот.

Истото го посочуваат и младите ѕвезди од кампањата на Levi’s целосно посветена на нивните 501 оригинални парчиња, а нивните најистакнати изјави ги читате во продолжение.

„Како млад човек, се наоѓам во фаза од животот кога реално можам да се истакнам и да ги правам работите поразлично од другите, а тоа значи и да се прикажам себеси преку парчињата облека што ги одбирам“, Шеј Александер.

„Кога ќе погледнам чифт Levi’s 501 ги гледам и мислам дека ми вела: Јас и ти сме создадени за да бидеме заедно“, Ема Чембрлен.

„Јас секогаш ќе бидам гласот на оние кои не можат да бидат чуени, без разлика на причината за тоа“, Маркус Рашфорд.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

20.05.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...