Барај
%
×
HUGO
Пет причини зошто да одберете Boss парчиња оваа пролет
БЛОГ

Пет причини зошто да одберете Boss парчиња оваа пролет

 

 

Познатиот германски дизајнер и ветеран во модната индустрија Инго Вилтс, а сега и на чело на брендот Hugo Boss во едно интервју за Vogue ќе каже дека неговиот стил е многу едноставен, навидум здодевен, но и дека бојата ја остава за парчињата што ги дизајнира.

„Токму поради тоа, дури и гарнитурата во сите мои апартмани е во иста боја. Јас единствено сакам да носам сиви парчиња, за да ми одговара со нијансата на мојата коса“, ќе каже на шега Вилтс.

Сета боја за која тој говори, но и многу неутрални нијанси се пресликани токму во колекцијата пролет/лето на брендот, за сите оние момци кои сакаат впечатливи класици и едноставно се воодушевуваат од добриот крој.

 

 

Откако пред неколку дена ви ја претставивме колекцијата и фантастичните парчиња од истата, денеска се потсетуваме зошто Boss е еден од најдобрите брендови на сите времиња и зошто нивните парчиња се нешто во што секогаш вреди да инвестирате.

1.Промоција од -10% за еден, -15% за два и повеќе

-Од денеска, ја стартуваме новата промоција поврзана со брендот, а истата се однесува на намалувањето од -10% за еден и -15% за два или повеќе купени производи. Ова е совршена прилика да ги освежите вашите комбинации со парчињата на брендот кои знаеме дека ги обожавате, а сега е одличен момент да си ги набавите по исклучително добри цени.

 

 

2.Нивните парчиња секогаш се одлика на оптимизам

-Навидум едноставни, но секогаш полни приказна, парчињата на Boss отсекогаш важеле за отсечни, со извонреден крој, во едноставни бои, но со можност секогаш да изненадат кога е палетата на бои во прашање. Оваа сезона, брендот нуди поло маички во многу бои, патики со умерени детали, дуксери и маици со интересна графика, но повторно, сето тоа е одлика на нивната препознатлива елеганција.

 

3.Време е за експериментирање

-Иако посветени на германската отсечност, сепак, оваа сезона дизајнерите на брендот ги предизвикуваат нивните клиенти да експериментираат со стилот и без да се двоумат да облечат дуксер, бермуди и стилско палто одозгора за тотално посебен, но сепак, урбан и елегантен изглед.

 

4.Впечатливи, но сепак суптилни принтови

-Оваа сезона, дизајнерите на брендот соработуваат со многу артисти и нивната уметност ја пренесуваат на парчињата изработени од ултра квалитетен материјал, но сепак, во ниту еден момент принтовите не се нападни, туку едноставно, уникатни и посакувани. И овојпат брендот ја задржува елегантната естетика, но прикажана преку нови и возбудливи парчиња кои секогаш потсетуваат на Boss.
 

5.Квалитетот пред сè

 

-Во ниту еден момент, без разлика на свежината на колекцијата, овојпат прикажана преку графичките принтови, новите кроеви и материјали, квалитетот на брендот во ниту еден момент не е ставен во прашање. Материјалите на сите парчиња повторно се исклучителни, обожавани од секој еден клиент и соодветни за уживање во текот на целиот ден без разлика на пригодата.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

21.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...