Кога ќе се спомене брендот Hugo Boss веројатно веднаш ви текнува на урбани и софистицирани парчиња кои се дел и од нивната нова колекција, достапна онлајн на Fashion Group и во продавницата на брендот во Скопје Сити Мол.
Повторно, и во оваа колекција неодоливо се провлекува исклучителното кроење кај парчињата кое овојпат се чини е доведено до совршенство, прикажано преку поло маичките на куси ракави, стилските кошули, пролетните јакни и фармерки, но и обувките како впечатливите патики и тренди чевлите.
Сите парчиња на германскиот луксузен бренд и овојпат се како создадени за ултра стилски комбинации, за секој еден клиент на брендот кој секогаш има уникатна визија за тоа како да ги комбинира истите.
Следејќи ги трендовите наметнати поради пандемијата, дизајнерите на брендот и овојпат направија поедноставни парчиња, но истовреме толку елегантни и урбани за да го истакнете секој еден ваш стајлинг.
Иако навидум со едноставни кроеви, парчињата од новата колекција на брендот дефинитивно ја задржуваат постоечката естетика и повикуваат на тренди пролет без разлика на тоа кое парче ќе го одберете.
Што се однесува до боите, палетата и овојпат се движи во неутрални нијанси, па така во колекцијата ќе најдете парчиња во бела, сива, црна, сина и крем нијанса.
Изработката е нешто во што не се сомневаме кога говориме за Hugo Boss, па така и овојпат ќе бидете сведоци на исклучителни материјали во кои ќе се чувствувате поубаво од кога и да е без разлика на пригодата.
Оваа пролет, истакнете ја индивидуалноста со новите парчиња на Hugo Boss и покажете му на светот дека промените допрва доаѓаат и истите почнуваат од себе!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: