Барај
%
×
HUGO
Пролетните парчиња во кои ќе „живееме“ оваа сезона!
БЛОГ

Пролетните парчиња во кои ќе „живееме“ оваа сезона!

 

 

Кога размислуваме за пролетните комбинации во кои ќе уживаме оваа пролет, постојат неколку класици со кои дефинитивно нема да погрешите.

Станува збор за парчиња со претежно цветен принт што се чини никогаш нема да излезе од мода, но и парчиња во светли нијанси кои секогаш се must have.

За среќа, оваа сезона новите колекции на нашите брендови ги имаат сите овие, но и многу повеќе парчиња за кои знаеме дека ќе ви се допаднат, па ако сè уште не го подновивте вашиот плакар, сега е вистинското време за тоа.

Познатите момци и девојки кои сакаат да ги споделуваат своите пролетни комбинации на социјалните мрежи веќе уживаат во најголемиот дел од парчињата во продолжение, па тие секогаш се инспирација во оние моменти кога ќе ви недостасува.

Иако можеби температурите сè уште не се доволно високи за „покажување кожа“, сепак, сите пролетни парчиња можеме да ги комбинираме со избор од големата понуда на стилски јакни, дуксери, џемпери и што уште не.
Единствено што треба да направите е да ја поттикнете вашата имагинација и понекогаш, да се инспирирате од вашите омилени момци и девојки на социјалните мрежи.

Она што ние го направивме за да ви ја олесниме потрагата по најубавите парчиња е оваа шик колекција полна неодоливи парчиња совршени за пролет, од кои вие само треба да го одберете вашиот фаворит.

Во неа ги издвоивме највпечатливите парчиња за оваа сезона, па така, романтичарките ќе можат да одберат од магичната понуда на фустани, урбаните девојки ќе се вљубат во цветните кошули комбинирани со фармерки со висок струк, а момците пак во маичките на куси ракави со интересен принт, но и цветните кошули за сите оние денови кога сакате да се издвоите од толпата.

Како ултимативна завршница на секоја ваша комбинација речиси секогаш се јавуваат модните додатоци, па така и овојпат можете да ги најдете вашите омилени кај чантите, накитот, додатоците за коса и паричниците.

Според сите најави кога станува збор за модните комбинации, оваа пролет ќе биде сè, само здодевна не!

Имајќи го тоа на ум, овој викенд е совршен да ги посетите нашите продавници каде се запазени сите можни мерки за заштита и дистанца и да си одберете од фантастичната понуда за тренди изглед во текот на целата сезона!

 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

08.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...