Денот конечно е подолг, можностите за уживање бесконечни, мирисот на првите цвеќиња совршен, чувството на слобода поголемо од кога и да е...
Вака некако омилениот бренд за долна облека Women’Secret ја раскажува својата приказна посветена на новата колекција која е љубов на прв поглед.
Парчиња од исклучително нежен материјал во бои и модели како никогаш досега, дополнително разубавени со впечатливи дезени кои никогаш нема да сакате да ги покриете.
Брендот оваа сезона ги повикува девојките да бидат сопствени музи, да бидат вистински жени кои уживаат и се чувствуваат добро во своето тело и во секој еден момент од нивниот живот.
Во нивната нова колекција вљубеничките во долната облека ќе најдат поубави модели од кога и да е, почнувајќи од секси и неодоливи градници за прекрасно чувство во текот на целиот ден, меки и нежни пижами со позитивни пораки, ноќници за уште поубав сон, но и ултра тренди модели на костими за капење за топлата сезона пред нас.
Потрагата по совршената долна облека со себе секогаш носи предизвици, но токму оваа колекција нема да ве остави рамнодушни, па дури и оние најпребирливите, ќе го најдат својот соодветен модел.
Како и секогаш, дизајнерите на брендот сето внимание го посветија и на изборот на соодветен материјал за секој од моделите, па така, без разлика дали обожувате тантела, памук или пак некој поексклузивен материјал кога е долната облека во прашање, имајте на ум дека за секој модел е одбран најдобриот.
Секако, во пролетната колекција брендот повторно нуди елегантни и минималистички парчиња, но и такви изработени од нежна тантела во уникатни бои, дополнително украсена и везена со најубавите цветни детали.
Значаен дел од колекцијата им е посветен и на костимите за капење кои сезонава освојуваат на прв поглед. Истите се доволна причина да сонуваме за долго и топло лето, исполнето со уживање покрај вода кое толку многу ни недостасува.
Без разлика дали сте од оние кои секогаш одбираат едноделен костим или пак сакате да експериментирате со многуте нови дводелни модели, брендот ова лето понуди костими за капење со кои дефинитивно нема да погрешите.
Сите модели од новата колекција од кои знаеме дека веќе го одбравте фаворитот можете да ги најдете во продавницата на брендот во Скопје Сити Мол и на следниов линк.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: