Барај
%
×
HUGO
20 базични парчиња што ви се потребни за тренди пролетна сезона
БЛОГ

20 базични парчиња што ви се потребни за тренди пролетна сезона

 

 

Без разлика на трендовите, во речиси секоја сезона постојат неколку основни парчиња со кои секогаш можеме да експериментираме и кои се совршена база за правење на супер стилски комбинации.

Пролетта е дефинитивно омилената сезона за правење шик комбинации, време кога идеите ни се на највисоко можно ниво, а парчињата поубави од кога и да е.

Кога ќе почнете да ги планирате комбинациите и ќе тргнете на пролетен шопинг, со вас треба да имате листа на неколку основни парчиња без кои дефинитивно нема да можете да направите ниту една стилска комбинација.

Вистински класици, но со сосема нови примеси во изгледот, оваа сезона постојат неколку базични парчиња кои секоја девојка треба да ги има во плакарот, а кои се ултра неодоливи и супер привлечни.

Топлата сезона ги замени џемперите и капутите со шик фармерки и здолништа во светли нијанси, миди фустани, класична црна кожена јакна, лежерни и романтични кошули, бели патики и што уште не.

Она убавото кај овие парчиња е тоа што ако ги споите истите, ќе добиете шик минималистичка комбинација, но ако си „играте“ со нив и ги надополните со модни додатоци во разни нијанси или некои впечатливи чевли, тогаш имате нова комбинација која раскажува сосема поинаква приказна.

Токму поради тоа, секогаш е добро да се инвестира во вакви парчиња со кои во текот на целата сезона, па и нешто подоцна, ќе можете да направите безброј комбинации.

Кога говориме за ваквиот вид модели, во новите колекции од нашите брендови кои веќе ве очекуваат во продавниците, ќе најдете исклучителен избор во кој верувајте ни дека ќе се вљубите.

На вашата листа за оваа пролетна сезона би требало да се најдат волуменозното палто во некоја пастелна или земјена нијанса, кожената јакна во нов модел, кошулата со впечатливи ракави, белиот фустан, пролетната јакна со извезени детали, белиот фустан, сивите патики, дуксер и тренерки во интересна боја, тексас здолниште, миди фустан со цветен дезен, како и малиот црн фустан како класик на кој секогаш му се враќаме.

Посетете ги продавниците на нашите брендови каде мерките за заштита од пандемијата се на највисоко можно ниво и подготвени дочекајте ги топлите денови на кои исклучително им се радуваме!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

05.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...