Барај
%
×
HUGO
Битола – градот во кој патувањата се повозбудливи од било кои други!
БЛОГ

Битола – градот во кој патувањата се повозбудливи од било кои други!

 

 

Кога од сончевиот Охрид заминавме за Битола каде не сме биле повеќе години, навистина не знаевме што да очекуваме, освен она на што се сеќаваме – прекрасен град полн историја, секогаш стилски луѓе и задолжително – добра забава!

Шетајќи по Широк сокак, се уверивме дека впрочем убавите работи не се измениле, туку само добиле нова димензија поради пандемијата – девојките сè уште се прекрасни и ултра шик, само со маски, момците подеднакво убави, храната уште повкусна, а социјалниот живот за нијанса ограничен како резултат на ситуацијата.

Искористувајќи ја сета убавина на прекрасниот Музеј во центарот на градот, уште еднаш потврдивме колку богата историја има Битола и колку тоа е нешто на што секогаш треба да се сеќаваме.

Дуња (Музеј Битола) - Палтопанталоникапутчевли: Mango 

Сара (Музеј Битола) - Топкардиганздолништекапут: Mango 

Токму таму, нè пречека секогаш позитивната и ултра шармантна Александра Шијакоска која беше и повеќе од добар домаќин во својот град – заедно со Сара и Дуња беа супер трио по кое речиси и да немаше човек кој не се сврте.

Александра Шијакоска: Џемпербермуди, мантил, чизми: Mango Чанта: Parfois 

Откако ја искористивме сета убавина на Музејот кој задолжително треба да го ставите во вашата пролетна агенда, заминавме да прошетаме низ Широк Сокак и околните улички каде се чини ги направивме најведрите фотографии што секако и ги замисливме.

Александра Шијакоска: Mango - Чизми и дуксер, здолниште: Guess, Сара: Бермуди, јакна: Mango, Патики: Parfois, Дуња: Тренерки: Miss Sixty

Трите девојки облечени во пастелни, но и комбинации во земјени нијанси, блеснаа во сиот свој сјај што беше резултат на одличното гостопримство во градот, но и совршеното време за кое секогаш ќе бидеме благодарни.

Нивните тренди комбинации со потпис на Mango, Guess, Miss Sixty и Parfois, беа како создадени за овој град кој отсекогаш важел за место во кое девојките ја обожуваат модата и секогаш прават добри комбинации.

Секое едно парче од нивните комбинации може да биде ваше со само еден клик, а истите можете да ги најдете и во нашите продавници каде можете да си одберете и некое сосема друго од новите колекции на брендовите.

Без двоумење, оваа пролет бидете шик дама и експериментирајте со стилот во единственото годишно време кога тоа е можно – пролетта, која секогаш со себе носи толку многу нови можности.

Врнежливиот викенд ќе биде совршен за обновување на плакарот со нови парчиња, па не двоумете се и посетете ги нашите продавници каде безбедноста на нашите клиенти е на прво место, а мерките за заштита секогаш се почитуваат.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

02.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...