Барај
%
×
HUGO
Парчињата накит што ги купуваме сега, а ги носиме цела пролет!
БЛОГ

Парчињата накит што ги купуваме сега, а ги носиме цела пролет!

 

 

Како и облеката, така и модните додатоци се дефинитивно нешто на што треба да му се посвети подеднакво внимание, особено во пролетната сезона кога парчињата се толку неодоливи, па секое од нив треба да го одберете со особена љубов.

Од сезона во сезона трендот кај модните додатоци задолжително се менува, па истото е случај и оваа пролет, кога во фокус се ставени чантите во нежни крем нијанси изработени од секаков вид материјал, надополнети со кожени детали и што уште не.

Штом ја одберете совршената чанта за вашата целосна комбинација составена од најубавите парчиња од нашите нови колекции, време е целосно да му се посветите на накитот како нешто ултра значајно во топлата сезона.

Сега е вистинско време да инвестирате во шик обетки во златна нијанса, но и ланчиња кои ќе го добијат местото што го заслужуваат под омилената кошула или бохо фустан.

Сезонава не двоумете се и носете повеќе обетки и ланчиња одеднаш, колоритни алки што ќе го разубават секој ваш летен изглед, но и прстени како ултимативен хит оваа пролет.

Кога говориме за модните додатоци што ќе ја одбележат топлата сезона што доаѓа многу скоро, девојките на социјалните мрежи овие денови обожуваат да ги комбинираат и сите можни додатоци за коса, па така, бидете креативни и на омилената фризура додајте и венче или пак некој стилски стегач.

Веројатно знаете колку е значајно да се заштитите од сонцето особено во овој период кога допрва ќе се запознаеме со првите сончеви зраци, па така, оваа година, како тренди заштита носиме капи со широк пречник и уживаме во секој ден од пролетта.

Во колекцијата што ја направивме само за вас, а од каде ќе го одберете вашето совршено парче, веруваме дека ќе го најдете својот фаворит и ќе бидете вистинска дива оваа топла сезона.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

30.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...