По сè изгледа дека се збогувавме со студеното време и конечно дојдоа топлите денови што толку долго ги очекувавме!
Со сонцето, секогаш доаѓа доза нова инспирација, особено за правење на стилски комбинации, па сега е вистинскиот момент да ги одберете вистинските парчиња за секој ден од неделата.
Стилските панталони кои ги обожававме порано, сега се враќаат на голема врата, овојпат во безброј бои и модели, а дефинитивно едни од омилените се оние со широк крој кои совршено стојат на секоја фигура.
Истите се едни од најпосакуваните за оваа пролет, а девојките се ултра креативни и ги комбинираат со секакви парчиња за стајлинг вреден за паметење.
Оваа сезона, панталониште што дефинитивно треба да ги имате се поудобни од кога и да е, благодарение на лежерните материјали од кои се изработени, а сепак, изгледаат подеднакво стилски како и претходно.
Ако овие топли денови сакате да пробате нешто поинакво, тогаш потребно е да инвестирате во модел со широки ногавици во некоја интересна боја и да ги комбинирате со омилената кошула и накит во тренди нијанси.
Иако широки, овие панталони сè уште ги краси доза на елеганција, па така воопшто не двоумете се кога е овој модел во прашање. Без проблем, носете ги со омилените шик патики, со високи потпетици, со рамни чевли со интересен детал или едноставно, со чизми во овој преоден период.
Ваквиот тип на панталони совршено се вклопува и во вашиот бизнис стил, па така ако сакате да оставите впечаток на некој важен состанок, комбинирајте ги со волуменозно палто во иста нијанса, а подоцна ослободете се од истото и направете си долга прошетка со пријателките.
За сите оние пак кои не се пронаоѓаат во овој модел панталони, тука се и оние тесните со висок струк и ремен на половината како вистински класик што никогаш нема да излезе од мода.
Кој модел и да го одберете, бидете сигурни дека оваа сезона панталоните се ултимативен хит и задолжително мора да имате модел или два во вашиот плакар за безброј шик комбинации!
Одберете го вашиот фаворит на следниов линк.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: