Пред точно една година, со почетокот на пандемијата, како сите да се препуштија на лежерното па за речиси сите поводи како уживање во домот или прошетка на отворено, секогаш предност им даваа на удобните парчиња или во еден збор – на тренерките.
Оттогаш, истите станаа ултимативен хит кога е урбаната облека во прашање, па можевме да видиме девојки и момци во сите модели на тренерки како ги преплавуваат социјалните мрежи.
Овојпат, наместо едноставно наметнување на комплетот тренерки, тие правеа безброј комбинации и ги доведоа до степен на обожување, дури и за оние кои мислеа дека никогаш нема да можат да се замислат себеси во нешто вакво.
Речиси сите познати брендови во своите колекции ставија по некое вакво парче, односно дуксери и долни тренерки во сите бои и модели.
Година подоцна, овие парчиња сè уште се едни од омилените низ светот, но ако изминатиот период во студените месеци земјените тонови без избор број еден, со пролетта дојдоа и пастелните како омилени.
Освен тоа што можете да ги носите заедно како целина, тренерките во пастелни бои даваат и можност за безброј комбинации, па така, не двоумете се розовите неодоливи модели да ги комбинирате со шик мантил и едноставни бели патики, или пак белите со некоја интересна пролетна јакна, па дури и кошула под дуксерот на која ќе и се гледаат јаките, како суптилен, но многу моќен момент.
Во новите колекции на речиси сите наши брендови, оваа пролет ќе најдете модели во кои ќе се вљубите, модели за буквално секоја пригода, па ако сè уште не го одбравте вашиот фаворит, овие студени денови се како создадени за тоа.
Одберете го вашиот омилен и освежете го плакарот со пастелни парчиња за уште постилска и шик пролет чија вистинска убавина едвај ја чекаме.
Секако, за сите оние кои мислат дека не се пронаоѓаат во ваквите пастелни тонови, повторно, тука се сите земјени нијанси како светло и темно кафена, темно црвена, неодолива сива и кои уште не.
Пролетва, бидете доволно храбри и со тренерките комбинирајте ги омилените рамни чевли, обетките во кои сте вљубени, стилската чанта која ја остававте само за шик костими, па дури и впечатливата блуза за која мислевте дека соодветствува само со фармерки.
Сите модели што ги гледате низ текстот можат да бидат ваши само со еден клик!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: