Кога почнавме да размислуваме за снимањето на кампањата на Fashion Group за сезоната пролет/лето 2021, знаевме дека парчињата од нашите нови колекции сакаме да ги претстават млади, амбициозни и луѓе кои пред сè имаат што да кажат.
Гледајќи го резултатот сосема на крај, сфативме дека изборот бил и повеќе од добар – енергијата што сите млади луѓе ја пренесоа на секој сет и нивната огромна желба да ја направат оваа пролет уште поубава, едноставно воодушевува.
Секој уникатен во она што го прави, момците и девојките кои оваа сезона им беа домаќини во сопствениот град на прекрасните Сара и Дуња, оставија навистина посебен белег во оваа кампања и нешто што дефинитивно ќе се памети.
Воопшто и не беше чудно што речиси секоја девојка запре да го погледне момчето кое ги дружеше во Скопје, Стефан Спирковски, кој благодарение на неговата особена харизма, но и изглед, совршено се вклопи во парчињата што ние сакавме да ги презентираме, а кои секако не останаа незабележани.
Тој успеа да му даде еден сосема поинаков шарм на омиленото Скопје, претставувајќи им го секој агол од Центарот на градот на овие две дами кои беа воодушевени од неговата појава.
Дуња (Камени Мост): Јакна, топ, здолниште, патики: Guess, Стефан Спирковски: Дуксер, јакна, фармерки: Replay, Сара: Маичка, здолниште: Guess, Тексас јакна: Miss Sixty, Чанта: Parfois
Стефан: Маица, јакна: Diesel, Панталони: Guess, Патики: Geox
Какви домаќини ќе бевме ако не ги прошетавме девојките на најубавата Матка на која секогаш сакаме да и се враќаме и која секој пат, ни нуди посебен мир каков што нема на друго место.
А таму пак, ги дочека девојката со која знаевме дека нема да погрешиме, а која им ги понуди и раскажа најубавите македонски специјалитети некогаш направени – Моника Потер.
За впечатокот да биде целосен, шармантниот Влатко Кузмановски ги одведе младите дами на концерт во Македонската опера и балет, за кој знаеме дека се говореше денови подоцна, како што и требаше да биде.
Влатко Кузмановски: Панталони, палто, кошула џемпер: Boss, чевли: Geox
Моника Потер: Фустан: Springfield, Јакна, чанта: Replay
Таму пак, ги пречека единствената и најсветлата ѕвезда што сме ја запознале во последно време – талентираната Ана Петановска, чиј глас барем за миг, нè одведе во најубавите времиња по кои сите копнееме.
Ана Петановска: Палто, фустан, потпетици: Guess
Од Скопје, заминавме за Охрид каде нè дочека фантастично време кое можевме само да го посакаме, но и една прекрасна и толку мила дама која ќе каже дека го обожува овој град во кој изминатите неколку години успешно работи и целосно ги искористува сончевите денови – Ана Ристова.
За кусиот период во кој можевме да уживаме во еден од најубавите градови во нашата земја, Ана успеа да им го прикаже Охрид токму онаков каков што сакавме да го паметат – совршено топол кога е пролетта во прашање, полн можности за забава, уживање за очите и место од каде никогаш нема да сакате да си заминете.
Ана Ристова: Јакна, кошула, бермуди: Guess, Чизми, очила за сонце: Mango
Облечена во парчиња од Guess, таа уште еднаш ни посочи дека охридските девојки навистина ја обожуваат модата, на што и бевме сведоци, но и дека точно знаат кога во животот треба да се земе пауза и да се ужива во нештата кои понекогаш ни се и повеќе од потребни.
Паузата ја направивме во прекрасната Tavola Bianca, каде се чини времето застана и го најдовме мирот кој толку ни е потребен на сите.
Планирајќи го патувањето во ниту еден момент не сакавме да ја изоставиме Битола како едно култно обележје на македонската историја, но и мода, каква што дефинитивно само тие знаат да ни понудат.
Таму нè пречека шармантната Александра Шијакоска која важи за една од најпознатите инфлуенсерки во моментов, а тоа го докажа и фактот што сите беа воодушевени од неа, колку што беа и од прекрасните гостинки од Србија.
Александра Шијакоска: Џемпер, бермуди: Mango
Ксенија Деспотовска: Панталони, маичка: Mango, Дуксер: Superdry, патики: Miss Sixty, Чанта: Parfois
Таа ни ја покажа Битола од еден друг агол – уживавме во уникатните глетки во Музејот, шетавме низ Широк Сокак и се запознавме со прекрасни луѓе, а подеднаков впечаток ни остави и фантастичната храна на која секогаш ќе и се враќаме.
Оттаму, заминавме во Прилеп и неговите безвременски Маркови Кули каде заедно со неодоливата и супер популарна Ксенија Деспотовска ги дознавме сите историски моменти зошто овој локалитет е нешто што треба да го ставите во вашата пролетна мапа.
Кога сме кај работите што не смеете да ги пропуштите оваа пролет, оваа девојка не „запозна“ со можеби најинтересните прилепски специјалитети што досега сме ги пробале, а кои и вие дефинитивно не смеете да ги пропуштите.
Сосема соодветно, патувањето оваа сезона го завршивме кај секогаш гостопримливите кавадарчани, кои со насмевка на лицето, ни ја раскажаа сета фасцинантна историја на винаријата Тиквеш и од колку големо значење за нас е одгледувањето на најслаткото овошје на светот – грозјето.
За уште многу патувања кои допрва доаѓаат, да уживаме во моментот!
Организација и стајлинг: Fashion Group
Фотограф: Мирко Табашевиќ
Шминка и фризура: Зоран Шурбевски
Локации: Скопје, МОБ, Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: