Веќе знаеме дека подолг период социјалната мрежа Инстаграм е можеби најголемата модна писта, па токму оттаму, девојките постојано се инспирираат за своите секојдневни комбинации.
За да ви ја олесниме потрагата по најстилските парчиња за оваа пролет, ние направивме колекција едноставно наречена „Пролетни трендови од Инстаграм“ и на едно место ги издвоивме најпопуларните парчиња кои можат да бидат ваши со само еден клик.
Токму овие парчиња што ние ги издвоивме, се едни од најдоминантните на социјалната мрежа, па така, девојките ги комбинираат во голем број стајлинзи совршени за секоја пригода.
Поради нив се чини секој еден момент од пролетта ќе биде повозбудлив, комбинирајќи ги секојдневно со други шармантни парчиња за целосен шик изглед.
Во Инстаграм колекцијата ќе најдете кошули со впечатливи јаки како едни од омилените на девојките за оваа пролет, потоа плетени парчиња како ултимативен хит за преодниот период, патики во неодоливи бои и модели, но и шик фустанчиња и јакни за совршен завршеток на секоја комбинација.
Разиграните принтови се повторно присутни во цела нова колекција на Desigual, а како и секогаш, Guess ги има највпечатливите модели на чанти, оваа сезона, во поубави бои од кога и да е.
На омилениот Mango повторно му припадна приматот за најпролетни бои, па така во нивната нова колекција ќе најдете модели во најубавите нијанси кои се како создадени за шармантен пролетен ден во кој само вие знаете најдобро да оставите впечаток.
Како и секогаш, модните додатоци и овојпат се од исклучителна важност за стилско заокружување на комбинацијата, па така не двоумете се и одберете шик капа во интензивна боја, венчиња во пролетни нијанси, колоритни обетки и ланчиња, но и такви во секогаш елегантната златна нијанса.
Топлите денови кои едвај ги чекаме, а се сосема на прагот, се како создадени за раскажување приказни токму со овие парчиња кои знаеме дека ќе ги обожавате, па дополнително разубавете го овој ден со шопинг на вашите омилени.
Кој е вашиот фаворит?
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: