Иако температурите деновививе и не се баш пролетни, тоа не значи дека најубавата сезона не е на прагот. Во исчекување на поведри и потопли денови, правиме селекција на најстилските парчиња за топлата сезона што доаѓа и се инспирираме од познатите девојки и како тие ги комбинираат.
По сите оние зимски парчиња на кои се чини сите едвај чекаме да заборавиме, конечно дојде време за лежерни кошулки, светол џинс со висок струк, стилски кожени палта и секако, впечатливи и ултра тренди фустани.
Секако, сите овие парчиња сè уште можеме да ги комбинираме со омилените чизми, но патиките се дефинитивно нешто за што треба да размислите оваа сезона.
Покрај сите оние шик модели на кои сме сведоци оваа сезона, постои еден бренд кој девојките без заобиколување го обожуваат, а веројатно претпоставивте дека се работи за Манго.
Токму дизајнерите на брендот направија сосема нова и неодолива колекција за оваа пролет, чии парчиња веќе ги гледаме по социјалните мрежи во издание на некои од најпопуларните дами.
Во потрага по ефектни парчиња што ќе ја надополнат секоја ваша пролетна комбинација, дефинитивно треба да ја посетите продавницата на брендот или да ја направите вашата онлајн нарачка уште денес инспирирани од комбинациите што ги гледате во прилог.
Токму сега е совршен момент за шопинг на некои од најубавите парчиња што било кога сте ги виделе, а во кои знаеме дека ќе за заљубите.
Почнувајќи од едноставни модели како маички на куси ракави и совршен џинс, па сè до романтични кошули со впечатливи јаки и широки панталони, Манго е еден од омилените брендови на девојките денеска кој секогаш изненадува со ултра привлечни парчиња.
Новата колекција на брендот донесе неколку парчиња кои за многу кратко време станаа вистински хит на социјалните мрежи и нивната побарувачка е и повеќе од воодушевувачка.
Некои од нив ги гледате во продолжение, а доколку сè уште не го одбравте она што вам ви одговара, нема поубав ден од петок за шопинг!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: