Барај
%
×
HUGO
Сара Јовановиќ: Најважно во животот е да останеш благодарен
БЛОГ

Сара Јовановиќ: Најважно во животот е да останеш благодарен

 

 

Кога ја почнавме потрагата по соодветните лица за кампањата пролет/лето 2021 во која сакавме на еден поинаков начин да ги претставиме парчињата од новите колекции, знаевме дека публиката обожува ведри и насмеани лица, особено во овој период кога деновите се поинакви од кога и да е.

Дека не погрешивме во изборот покажуваат и многуте позитивни коментари насочени кон шармантните Сара Јовановиќ и Дуња Јованиќ како главни актерки во нашата кампања за сезоната што следи.

*Сара (Тиквеш) - Градник: Women'Secret, КардиганПанталони: Mango, Чанта: Guess

За време на снимањето на кампањата, имавме можност да направиме и куси интервјуа за нашиот блог со сите прекрасни лица со кои се дружевме, а серијата објави ја започнуваме токму со неодоливата Сара Јо чиј неприкосновен карактер и неверојатен шарм освојуваат на прв поглед.

Со неа разговаравме за нејзините омилени парчиња облека, за она без што не може, за музиката во нејзиниот живот, за пролетта и сета надеж што таа ја носи со себе.

*Фото: Инстаграм 

Целосно непосредна, исклучително забавна и секогаш со неверојатен вкус за добро парче облека, Сара Јовановиќ е дефинитивно една од омилените на Балканот кога се музиката и модата во прашање.

Целото интервју го читате и гледате во продолжение.

1.Што откри за себе за време на пандемијата?

За време на карантинот, гледав толку многу криминалистички документарци и открив еден нов талент кај себе, а тоа е дека би била одлична инспекторка.

2.Ако до крајот на животот би требало да носиш едно парче облека, кое би било тоа?

Палто. Засекогаш палто бидејќи мислам дека тоа парче облека може да ја надогради секоја комбинација за секоја прилика.

*Сара (Музеј Битола): Топкардиганздолниште: Mango, Патики: Diesel 

*Дуња и Сара (МОБ): Дуња: Фустанпалточевли: Mango, Чанта: Guess,  Сара: Костимчанта: Guess, Чевли: Mango 

3.Постои ли песна што го опишува животот на Сара?

Понекогаш „Nemam vremena za to“, а понекогаш „Bez sna“.

4.Што слушаш моментално?

Моментално ја слушам Sabrina Claudio, групата „The Internet“ и моите песни од новиот албум (се смее).

5.Ви дава ли пролетта нова надеж?

Да ми го поставевте прашањето утрово во 06.15 одговорот ќе беше не (се смее), но со оглед на тоа дека денот е прекрасен и сончев, дефинитивно да, бидејќи некако сè е полесно.

*Фото: Инстаграм 

6.Чувствуваш ли дека си на добар пат во животот?

Ах...Наталната карта ми е таква што често си го поставувам ова прашање, но мислам дека со оглед на тоа што го правам она што го сакам и се борам за она што го замислив, мислам дека да.

7.Како успеваш да го зачуваш огнот во себе?

Токму така што се трудам секогаш да бидам благодарна, без разлика каков и да ми е периодот. Во секоја ситуација е важно да останеш благодарен и да не заборавиш зошто си тука и зошто си почнал...

8.Ти се допаѓа ли Македонија?

Како не... Ве гледам вас почесто од моите родители (се смее).

9.Се согласуваш ли со изјавата на многумина дека сите во Македонија знаат да пејат?

Ако судиме за тоа според гласот на Ана Петановска која ја запознав за време на модното патување низ Македонија, тогаш вашата ситуација е одлична.

10.Кажи ни нешто што не знаеме за Дуња?

Еее, тоа што не го знаете, подобро е да не го знаете (се смее).

11.Што за тебе значи да си дел од кампањата на Fashion group за пролет/лето 2021?

Пред сè, пресреќна сум што сето ова го доживувам со Дуња која ми е една од најблиските пријателки, а очигледно и соработничка. Некако на посебен начин ја доживеавме Македонија и сметам дека никогаш нема да ни биде овозможена ваква прилика во која ќе можеме за неколку дена да видиме толку места полни дух, енергија..Ви благодарам за прекрасната прилика.

Организација и стајлинг: Fashion Group

Фотограф: Мирко Табашевиќ 

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски 

Локации: Скопје, МОБ, Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

 

 

 

10.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...