Во време кога сè уште живееме во глобална пандемија, понекогаш, потребна ни е причина да сонуваме и за миг да избегаме од реалноста...
Ако ги погледнавте фотографиите и креациите од ревиите на неделата на Висока мода во Париз, тогаш, сигурни сме дека не останавте рамнодушни.
За да не ни недостасуваат сите оние прослави што ни беа секојдневие пред само една година, ултра талентираната и секогаш омилена Вирџини Вард ги покани амбасадорките на Шанел на забава налик свадба каде им ја претстави новата магична колекција.
*Chanel
Како што дизајнерката ќе каже, а така и се чинеше, на „свадбата“ во организација на Шанел ги видовме можеби најубавите фустани во кои некогаш сме се замислувале на било која прослава, а она што воодушеви е фактот што сите беа толку различни, а сепак толку прекрасни.
Овие денови на сите ревии во Париз се случуваше вистинска магија, нешто на што можеби заборавивме и нешто што дефинитивно на сите им недостасуваше.
Кога говориме за Висока мода, овојпат се чини секоја една креација го оправда овој термин, почнувајќи од неверојатниот мистичен шарм што го прикажа Диор, сега, претворен во колекција инспирирана од тарот картите како омилени на големиот Кристијан Диор.
*Dior
Прикажани преку подеднакво прекрасна фотосесија, парчињата едноставно беа поубави од кога и да е, изработени од материјали какви што само модната куќа знае да создаде, а истите за ултра кусо време беа секаде низ Интернетот.
Кога говориме за нешто сосема поинакво, ултра креативно и непогрешливо уметничко, не смееме да ја заборавиме колекцијата на Скјапарели, Ирис Ван Херпен и неповторливиот, Џамбатиста Вали кои прикажаа вистински ремек дела кога е Високата мода во прашање.
*Schiaparelli
Декорирани со детали на какви што само тие може да се сетат, нивните креации беа поим за она како треба да изгледа недела на Висока мода, а неодоливо нè потсетија и на тоа колку ни недостасуваат настаните на кои секогаш уживавме да ги гледаме познатите во магични парчиња.
*Iris van Herpen
И како за момент да бевме во некоја прекрасна бајка, гледајќи ги фотографиите од ревиите од Париз се потсетивме на сите убави моменти во кои уживавме пред само една година, но истите се и потсетник дека доаѓа најубавото годишно време кое секогаш нуди толку многу неодоливи можности.
*Giambattista Valli
*Valentino
Фото: Vogue, Andre' Lucat, Style du Monde...
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: