Барај
%
×
HUGO
Како Берни Сандерс го искористи виралното меме во добротворни цели?
БЛОГ

Како Берни Сандерс го искористи виралното меме во добротворни цели?

 

 

Веројатно не постои човек на светот кој деновиве не се насмеа на виралната фотографија од сенаторот Берни Сандерс на инаугурацијата на Џо Бајден, направена во исклучително смешни меме верзии кои го „расположија“ Интернетот додека церемонијата сè уште не беше завршена.

Креативците го поставија сенаторот буквално секаде – почнувајќи од приватни прослави, па сè до претстави на Бродвеј, свадби на познатите, сцени од култни филмови, на автобуска станица, на Месечината, па дури и во првите редови на модните ревии.

Ако го прашате фотографот Брендан Смиаловски кој впрочем ја направи фотографијата додека сенаторот чекаше да почне церемонијата, тој ќе каже дека успехот на истата е резултат на тоа што луѓето секогаш се поистоветувале со Берни, бидејќи истиот отсекогаш уживал популарност кај народот.

„Во ситуацијава не се случи ништо посебно, едноставно, Берни си беше Берни. Тој е добро дефиниран бренд и сликата на светот за него е навистина добра. Се чини дека во сè што прави тој се чувствува удобно, па така беше и сега, и тоа навистина се забележува“, изјави фотографот од Вашингтон за Си-Ен-Би-Си.

Се чини тимот на Берни популарноста на мемињата ја искористи на најдобар можен начин, па од неодамна, за 45 долари можете да си набавите дуксер со фотографијата на сенаторот, а сите средства од продажбата одат во добротворни цели.

Но, ако се обидете да го нарачате дуксерот ќе видите дека истиот повеќе го нема на залиха и дека треба да чекате од три до шест недели за да го добиете истиот, што значи дека целта на тимот на сенаторот за искористување на мемињата на хуманитарен начин е и повеќе од успешна.

А ако сте од оние пак на кои им се допаднаа ракавиците кои се чини дека се исклучително топли, истите можете да ги набавите на аукција организирана од учителката што ги направила, а очекувано, и тие средства одат во добротворни цели.

„Мислам дека е прекрасно што Берни носеше нешто што е достапно за повеќето луѓе, бидејќи најчесто не можеме да си ги дозволиме сите оние убави парчиња што познатите ги носат. Знаете, супер беше да имавме еден вид чувство на реалност, на нешто толку нормално на еден ваков историски настан“, изјави учителката Џен Елис во интервјуто за порталот „VPR“.

Можеби ова е и најдобриот коментар поврзан со целата ситуација со виралните мемиња инспирирани од сенаторот Берни Сандерс. За промена, во еден миг смеата беше единственото нешто што поврза безброј корисници на Интернет, а најголемиот дел од нив на неодолив начин се пронајдоа во фотографијата.

Иако многумина ќе кажат дека ситуацијата со пандемијата нè доведе во ситуација да се смееме на мемиња на 79 годишен сенатор во топли ракавици, но да признаеме, изминатите неколку дена Интернетот беше толку забавен!

Доколку сè уште не си ги набавивте вашите топли модни додатоци, направете го тоа уште денес бидејќи се чини дека температурите многу скоро ќе бидат совршени за истите! 

Ракавици мажи 

Ракавици жени 

Фото: Твитер 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

25.01.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...