Барај
%
×
HUGO
Сите шик парчиња накит поради кои едвај ја чекаме пролетта!
БЛОГ

Сите шик парчиња накит поради кои едвај ја чекаме пролетта!

 

 

Иако можеби мислите дека сите трендови за кои говориме во последно време се вртат околу облеката, постои еден исклучително важен момент кога се стилските комбинации во прашање – накитот!

Изминатата година беше сосема поинаква од сите претходни на кои се сеќаваме, а тоа значеше и долг престој дома во удобни парчиња кои речиси никогаш не бараа модни додатоци.

Но, во пресрет на подобрите денови пред нас, целиот фокус е насочен кон совршениот изглед, а истиот дефинитивно не може да се постигне без добро парче накит.

Иако пролетта се чини далеку, време е целосно да се „изгубиме“ во најубавите парчиња накит од нашите брендови и да ви ги претставиме сите оние за кои познатите дами од модниот свет ќе кажат дека ќе бидат вистински хит сезоната што ни претстои.

Почнувајќи од обетките во магични форми во неодоливи златни и сребрени нијанси, па сè до колоритот што секое лето толку го обожаваме, изборот на накит за претстојната пролетна сезона е и повеќе од исклучителен.

Она што е прекрасно кога говориме за парчињата што ќе бидат омилени оваа пролет е тоа што многу од истите се вистински класици, па така, нема да погрешите доколку инвестирате во нив и ги вметнете во вашата стилска приказна.

Со оглед на тоа што пролетта секогаш е време за нови и свежи почетоци, оваа сезона бидете храбри и не двоумете се да експериментирате одбирајќи впечатливи ѓердани составени од повеќе парчиња, прстени во златна нијанса со колоритен камен, повеќе обетки во интересни форми и што уште не.

Не двоумете се и целосно препуштете им се и на цветните форми кога е накитот во прашање, па така, ако ви се допаднат впечатливите обетки во форма на цвет, купете ги и комбинирајте ги со парчињата на кои секогаш заборававте. Подеднакво популарни ќе бидат и оние шармантни алки полни колоритни детали, кои се подеднакво совршен подарок за вас и пријателките.

Оваа пролет, нека биде сосема поинаква од сите останати, со безброј експерименти кога е стилот во прашање за една нова и исполнета стилска приказна!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

22.01.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...