Барај
%
×
HUGO
Што научивме од дамите на инаугурацијата на Џо Бајден?
БЛОГ

Што научивме од дамите на инаугурацијата на Џо Бајден?

 

 

Во средата се одржа долгоочекуваната инаугурација на 46. американски претседател Џо Бајден, па сосема очекувано, очите на целиот свет беа вперени токму кон овој настан.

Покрај фантастичната церемонија, сериозен впечаток како што и требаше, оставија дамите со својот избор на комбинации во момент позначаен од било што друго.

Она што беше вистински празник за очи беше неверојатниот избор на бои што го направија дамите, а кој секогаш значи отворање на нови гледишта, позитивни промени и еден сосема нов свет што доаѓа, како што тие милуваат да кажат.

Модата на инаугурацијата на новиот американски претседател беше чиста ода на елеганцијата – нешто на што се чини во последнава година заборавивме.

Како резултат на целата ситуација, не беше воопшто тешко целосно да се препуштиме на лежерните комбинации најчесто составени од тренерки или фармерки и опуштен џемпер, но се чини дојде време да излеземе од комфорната зона.

Веројатно и не постои ништо поубаво од појава на целосно прекрасна дама, одвнатре и однадвор, со совршено одбрани елегантни парчиња соодветни за пригодата кои секогаш говорат толку многу за неа.

Последнава година како да заборавивме на прекрасното чувство и моментот на одбирање софистицирани парчиња за впечатлив изглед на работа или пак за значајната пригода која што толку долго ја чекавте.

Но, се чини како полека работите да добиваат еден сосема нов, овојпат позитивен тек и можеби се наѕира крајот на сето она што ни беше секојдневие изминатата година.

Овие дами во чии комбинации имавме можност да уживаме, уште еднаш докажаа дека модата нуди сериозни можности да оставиме впечаток и треба што почесто да ја користиме во такви цели.

Не само што тие оставија впечаток, туку со нивниот избор на облека и модни додатоци создадени од американски дизајнери, тие им оддадоа почит на сите значајни женски имиња низ историјата, истакнувајќи ја важноста на силата и грациозноста со кои една жена треба да располага под притисок.

Овој четврток, ја славиме убавината на дамите и важноста на елеганцијата на која никогаш не смееме да заборавиме, иако можеби личниот стил ни е сосема поинаков од она што сега го говориме. Едноставно, постојат неколку парчиња што секоја вистинска дама мора да ги има во својот плакар, кои се секогаш подготвени да остават впечаток каде и да одите и во кои секогаш ќе се чувствуваме толку добро.

Денеска, одвојте време да ги надоградите вашите стилски комбинации и без двоумење инвестирајте во капут со совршен крој, елегантни чизми или високи потпетици и да – секогаш добра чанта!

 

 

Фотографии: The New York Times, Getty Images, AP, Instagram

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

21.01.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...