Иако на само неколку дена од почетокот на Новата година, сè уште имате можност за шопинг во последен момент, па денеска ве потсетуваме на важноста на подарувањето со неколку листи со производи кои знаеме дека ќе ви се допаднат.
За да ви ја олесниме потрагата по идеалниот подарок, направивме три листи со подароци до 1.000, 3.000 и 5.000 денари, а во истите ќе најдете парчиња од нашите брендови за кои мислиме дека се сосема соодветни за некому на идеален начин да му ги честитате празниците.
Со оглед на тоа каква ни беше годината што конечно изминува, нема поубаво нешто од тоа да ги изненадите најблиските со мало внимание кое некогаш толку многу значи.
За сите направени онлајн нарачки за време на празниците, подарокот што ќе го одберете за себе или некој од вашето семејство, ќе го добиете во совршено дизајнирана кутија која дополнително ја „разгорува“ празничната магија.
Ако сè уште не го направивте вистинскиот избор за подарок, денеска е неодолив ден за тоа. Од листите, одберете си го и подарокот за себе, бидејќи истиот, сосема го заслуживте.
Без разлика на карактерот на вашите најблиски, од листите ќе можете да одберете топли зимски додатоци, неодолив накит, фустан за вашата најмила, дуксер или торба за момчето, но и долна облека со која кога се нашите брендови во прашање, никогаш не можете да погрешите.
Не двоумете се и израдувајте ја вашата мајка со топла прекривка од Women’Secret како една од најбараните во текот на зимските месеци, а не заборавајте го и вашиот татко и подарете му некој стилски џемпер или совршено топли папучи за уживање во зимата.
Чантите од Mango и паричните од Guess се едноставно идеални ако сакате да ја израдувате пријателката што толку многу ви значи, а часовникот од Parfois неодолив начин да му кажете некому дека времето што допрва доаѓа, ќе биде поубаво од кое и да е.
Без разлика што и да одберете од нашите листи на подароци, погрижете се оваа година да им подарите дури и мало внимание на сите оние што ги сакате, за прекрасен крај на годината со која едвај чекаме да се збогуваме.
Сите подароци со само еден клик одберете ги на нашите листи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: