Како што изминува годинава, нетрпението е сè поголемо за да се збогуваме со истата и да ја пречекаме новата за која се надеваме дека ќе донесе прекрасни нешта.
Иако овогодишните прослави од секој вид се одложени за следната, тоа не значи дека домашната прослава мораме да ја поминеме во пижами или удобни тренерки.
За сите оние вљубени во добриот стил кој со себе од време на време привлекува светкави парчиња, ви ја презентираме нашата нова колекција едноставно наречена „За блескав почеток“, во која ги сместивме највпечатливите и најблескавите парчиња од нашите брендови.
Во истата, ќе најдете стилски фустани, неодолив накит, високи потпетици и чизми, но и кул костими за момците кои надополнети со вистинските модни додатоци ќе бидат совршен избор за убавите прилики што доаѓаат.
Дружењето со семејството и пријателите е она што дополнително го прави месец декември магичен, но оваа година, иако во помал круг, сепак одбираме да блеснеме во полн сјај.
Годината заокружете ја со избор на фустан во раскошна боја и материјал, а малку светки, никогаш не се премногу. Иако дома, одвојте време да си ја направите и омилената фризура, но не заборавајте и да се нашминкате и да ги направите најубавите фотографии што ќе останат да сведочат како еден убав спомен од изминатата година.
Иако големите планови на кои секоја година толку им се радуваме ги заменивме со мали, тоа не значи дека треба да ја снема и празничната атмосфера која е исклучително важна за супер старт на новата година.
Токму парчињата што ние ги сместивме во празничната колекција за блескав почеток на 2021 – та година, ќе внесат позитивна енергија во секоја прослава, а знаеме дека и вие ќе се чувствувате прекрасно во нив.
Погледнете ја целата колекција на следниов линк и дополнително разубавете го овој петок со онлајн нарачка на омилениот фустан кој знаеме дека го посакувате!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: