Барај
%
×
HUGO
Малото внимание значи многу: Споделивме радост со младите од центарот за попреченост „Пролет“
БЛОГ

Малото внимание значи многу: Споделивме радост со младите од центарот за попреченост „Пролет“

 

 

Месец декември е дефинитивно еден од најубавите во годината, полн празнична магија и поводи за споделување радост со сите оние што ни се значајни.

Како и секоја година, така и оваа, ја заокруживме со специјално подготвени подароци од нашите брендови кои не можеа да стасаат на подобро место од Центарот за церебрална парализа и Центарот за интелектуална попреченост „Пролет“.

Младите во чие друштво уживаме секоја година, и овојпат нè пречекаа со насмевка на лицето која е и повеќе од доволна за да знаеме дека нашата мисија, да им го разубавиме денот и празниците, беше и повеќе од успешна.

Акцијата на дарување радост и овојпат ја спроведовме заедно со Клубот на млади при Црвен Крст на град Скопје, па токму тие, на сите присутни во Центарот им ги поделија подароците од нашите брендови.

Среќни и задоволни, младите од двата дневни центри за миг уживаа и во музиката на Симеон Коруновски и Јана Спирковска кои и самите се волонтери во одделот за млади во Црвениот крст.

Радоста во очите со која тие нè пречекаа во време кога малото внимание значи многу, беше нешто за што дефинитивно вреди да се работи и залага.

Годината што изминува можеби за нас беше предизвикувачка, но за овие млади и прекрасни лица кои единствено уживаат во друштвото на најблиските и пријателите, беше исклучително тешка.

Токму затоа, заедно со нив, притоа внимавајќи на сите протоколи за заштита од Ковид – 19, ја испративме 2020 – тата и си посакавме година исполнета со многу дружби, посета на омилените места за нив, но и почесто уживање во меѓусебното друштво – нешто за што сме навистина благодарни.

Овие празници, разубавете ги деновите некому кому тоа исклучително му значи!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

24.12.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...