Изминатава година беше полна предизвици со какви не сме се соочиле никогаш досега. Сакајќи да ви ги тргнеме мислите од сите случувања, почнавме активно и секојдневно да споделуваме содржини на нашиот блог за кои знаевме дека ќе ги обожавате.
Така и се случи. Со огромно задоволство ве известуваме дека благодарение на вас, нашите читатели, ја освоивме втората награда во категоријата најдобар блог во рамки на изборот „Сајт на годината“, додека нашиот сајт, www.fashiongroup.com.mk, ја освои третата награда во категоријата „Мода и убавина“.
Токму ваквите признанија со себе носат исклучителна доза мотивација за уште многу интересни содржини кои едвај чекаме да ги споделиме со вас и во новата година кога заедно ќе уживаме во уште многу нови колекции од брендовите на Fashion Group, но и супер теми за кои допрва ќе дознаете.
Сакајќи да ви ја доближиме модата поблиску до вас и секогаш да ви ги раскажеме неодоливите приказни на девојките и момците кои уживаат во нашите парчиња, текстовите на блогот беа внимателно одбрани, а производите поставени уште поблиску до вас.
За крајот на годината да го означиме на сосема убав начин и да ги поттикнеме позитивните промени на чиј почеток сите се радуваат, направивме и празнична фотосесија со шик парчиња од зимските колекции на нашите брендови, што дополнително ја „разгоруваат“ празничната магија.
Иако сосема поинаква од сите останати на кои се сеќаваме, изминатава година во себе откривме многу нови карактеристики за кои не ни знаевме дека постојат. Знаевме дека ја обожуваме природата, но се чини немавме доволно време за да уживаме во неа.
Токму затоа, снимивме и едиторијал низ неколку локации во Македонија, сакајќи поблиску да ви ја доловиме врската помеѓу модата и природата и колку е истата значајна, а интервјуата со моделите имавте можност да ги читате во рамки на нашите содржини.
На големо задоволство на сите се чини, удобните и лежерни парчиња го преземаат пиедесталот од нивните конкуренти, па често низ нашите содржини можевте да прочитате и да си одберете од парчињата што дефинитивно ја одбележаа 2020 – та година.
Кога сме кај работите што ја одбележаа годината, дефинитивно научивме дека излегувањето од зоната на комфорот е нешто што одамна ни требало и дека можеме да живееме сосема поинаку, а сепак тоа да биде уживање.
Од оваа, во 2021 – та година со нас го носиме стилот, љубовта кон модата и сите убави работи во животот, литературните и естетски содржини и длабоко се надеваме дека оваа што доаѓа, со себе ќе донесе убави теми за уште поубави спомени!
Ви благодариме и среќни празници!
Идеја и реализација на блог: Fashion Group
Содржина: Александра Стојановиќ
Графички дизајн: Кристијан Кирјас
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: