Барај
%
×
HUGO
Стоплете се со најстилските џемпери и модни додатоци за оваа сезона!
БЛОГ

Стоплете се со најстилските џемпери и модни додатоци за оваа сезона!

 

 

Кога ќе ја споменеме зимата, веројатно прво нешто што ви доаѓа на памет се топлите парчиња во кои ќе ги поминеме сите студени денови од најубавата сезона.

Постојат неколку парчиња без кои не може да се замисли ниту еден зимски ден, а истите секоја година добиваат совршено нова трансформација во која секогаш уживаме.

Џемперите и топлите капути се едни од најбараните парчиња овие денови, па денеска, направивме мала селекција за вас и ги одбравме најстилските топли парчиња од нашите колекции.

Токму овие се парчињата што секоја зимска сезона доаѓаат во прв план, а кога на истите ќе им додадеме шик модни додатоци како беретка (една од најпосакуваните сезонава), топла капа и шал, тогаш ја имаме вистинската комбинација.

Одбројувањето до Новата година веќе започна, па сега е вистинско време да си го одберете идеалниот подарок за вас, но и за најблиските за кои дарувањето е навистина специјален момент во сезоната на празници.

Квалитетните и тренди модели од зимските колекции на нашите брендови веќе ве очекуваат во продавниците и онлајн, па разубавете го понеделникот со некое неодоливо меко џемперче или со капутот што толку долго го посакувавте.

Едноставно не постои ништо поелегантно од долг црн капут што нуди безброј можности за комбинирање, но подеднакво впечатливи се и сивиот и оној во камел нијанса како бои што постојано се наоѓаат на врвот на листата кога говориме за стилски капути.

Внесете дополнителна топлина во вашите комбинации и спротивставете му се на студот со волуменозен шал во чие друштво ќе посакате да го поминете секој еден зимски ден. Бидете шик дама со колоритна беретка или пак волнена капа соодветна за безброј пригоди.

Момците и оваа сезона се вљубени во ролките како ултимативни парчиња за оние денови кога сакате да изгледате сосема средено, но и за сите прошетки во природа кога сакате да се заштитите од студот.

Покрај нашата денешна селекција, супер неодолив избор од понудата на новите колекции на нашите брендови ве очекува на следниот линк...

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

14.12.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...