Барај
%
×
HUGO
Почна снимањето на Gossip Girl, ние ги имаме комбинациите!
БЛОГ

Почна снимањето на Gossip Girl, ние ги имаме комбинациите!

 

 

Иако љубовните драми во серијата секогаш беа ултра интересни, мора да признаеме, она што вистински го задржуваше вниманието во култната Gossip Girl беa модата и парчињата што Блер и Серена ги промовираа толку добро.

Можеби за момент се посомневавме во не толку познатата екипа кога беше објавено кој ќе ги толкува познатите ликови, но судејќи според првите информации, младите актери се снаоѓаат исклучително добро.

Она што нас, а веројатно и сите други ги интересираше, беа комбинациите во кои ликовите ќе ја раскажуваат приказната овојпат, кои како што гледаме, се и повеќе од стилски.

Актерите беа фотографирани на фамозните скали на Музејот Метрополитан, каде претходната екипа често создаваше сплетки и онаму каде што ги немаше.

Очекувано, ако подобро ги погледнете првите фотографии од снимањето низ Њујорк, ќе забележите дека трендовите не се нешто што недостасува.

Стилистите на серијата и овојпат се погрижија да вметнат парчиња од познати брендови, толку шик што истите веднаш добија позитивни критики на социјалните мрежи.

Навпечатлива во продолжението се чини ќе биде актерката Џордан Александер, позната по нејзината музичка кариера, а ќе го толкува ликот на една од девојките од училиштето.

Она на што знаеме дека ќе се израдувате е информацијата дека ликот, односно гласот на Gossip Girl и овојпат ќе го „позајми“ познатата актерка Кристен Бел како една од омилените во оригиналната серија.

Доколку сте вљубеник на модата и серијата, тогаш на фотографиите ќе забележите многу моменти како црвената Фенди чанта која по сè се чини дека е винтиџ, потоа моментите со чорапи и чевли како еден од најпознатите детали на Блер и Серена, но и многу други на кои знаеме дека ќе се сетите.

Ние денеска ви го правиме понеделникот супер забавен и ви ги претставуваме првите фотографии од снимањето, но и кул комбинациите и сите слични парчиња што ги пронајдовме само за вас!

XOXO!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

23.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...