Барај
%
×
HUGO
Негин Мирсалехи: Модна икона чиј плакар е сè што посакувате!
БЛОГ

Негин Мирсалехи: Модна икона чиј плакар е сè што посакувате!

 

Доколку сте од оние кои барем еднаш во денот сакаат да погледнат што се случува на Инстаграм и да се инспирираат од комбинациите на познатите блогерки, тогаш, мали се шансите да не сте ја сретнале прекрасната Негин Мирсалехи.

Шармантната блогерка и сопственичка на козметичката компанија „Gisou“ долги години е една од најпопуларните инфлуенсерки во модниот свет, со безброј соработки со познати брендови зад неа и комбинации какви што само таа знае да направи.

Сакајќи да му го претстави нејзиниот стил на светот, младата Негин почнува сосема случајно да објавува фотографии од секојдневните комбинации за да по само неколку години, има повеќе од шест милиони следбеници и неверојатна модна империја.

Триесет и двегодишната Негин пред неколку години беше прогласена за една од најуспешните млади претприемачки под 30 години од магазинот Forbes, благодарение на нејзината компанија чии производи девојките ги обожуваат.

Под името „Gisou“, таа и нејзиното семејство кое години наназад произведува мед, изработуваат производи за нега на коса и тело, токму од оваа магична и исклучително здрава состојка.

За тоа колку вложува во нејзината компанија која денеска е неверојатно успешна, докажува и фактот што токму во моментот кога отпочнувала со работа, добила понуда од близу еден милион од позната козметичка компанија, но истата ја одбила со цел да се фокусира на сопствениот бизнис.

Успехот на Инстаграм ќе каже дека се должи на тоа што секогаш е искрена со нејзините следбеници, според неа, тоа е она што е клучно.

 

„Низ годините сфатив дека луѓето сакаат да ги видат и дознаат приватните работи за тебе. Секако, секогаш вие треба да одлучите колку ќе им откриете. Моите следбеници секогаш сакаат да дознаат повеќе за мене и мојот партнер, нашите навики, нашиот бизнис, нашето куче, животниот стил...Сакаат да видат по малку од сè“, ќе каже Негин во интервјуто за „Fashionista“.

Како есенска инспирација, ние одвоивме неколку од нејзините највпечатливи стајлинзи во последните месеци, кои се сè што една девојка може да посака. Оваа сезона, прекрасната Негин одбира парчиња во претежно светли нијанси како крем и нежна кафена, сосема соодветни за овој период од годината.

Карираните и кожени палта, кусите здолништа, кардиганите со копчиња, рамните, но високи чизми се некои од есенцијалните парчиња за кои таа ќе каже дека оваа есен, секоја девојка треба барем еднаш да ги комбинира.

Ние ви предлагаме парчиња од нашите брендови според предвидувањата на Негин, а оваа среда е сосема совршена за онлајн нарачка или прошетка до вашата омилена продавница.

Која од комбинациите е ваш фаворит?

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

04.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...