Преминувањето од долгите, топли денови кон ветровитата есен и уште постудената зима знае да биде исклучително тешко, особено во однос на осмислувањето на секојдневните комбинации.
Она поради што оваа сезона се олеснува овој момент е воздигнувањето на слоевитото облекување, па така, во секој момент од денот можете да се ослободите од едно од парчињата што ги носите.
Совршениот завршеток на секоја комбинација за ова време од годината се секако стилските јакни и палта кои годинава доаѓаат во неодоливи, нови изданија.
Ако сте од оние кои обожаваат трендови, тогаш кожените и јакните направени од впечатлив сјаен материјал се она што ви треба. Соодветни за секоја дневна пригода без разлика на поводот, подеднакво добри за заокружување на женскиот костим, но и за продолжување на пијалок со пријателките после работа.
Оние пак кои секогаш бараат причина плус да се стоплат, сезонава уживаат во полнетите јакни кои се чини никогаш нема да излезат од мода, па секогаш се толку добра инвестиција.
Вистински хит овојпат се карираните волнени палта кои доаѓаат во толку многу варијанти, вклучувајќи ги и ресите, интересните јаки, но и деталите како копчиња во кул форма и боја.
Девојките и момците оваа година се исклучително креативни, па ви пренесуваме дел од нивните комбинации со шик парчиња кои знаеме дека ќе ви се допаднат.
Викендот е неодолив момент за одмор, а уште поубав за онлајн нарачка во било кое време! Сите производи од нашата „Mid-season jackets“ ги имате на следниот линк.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: