Барај
%
×
HUGO
Денис Јовановиќ: Јас сум сосема спротивно од прикажаното
БЛОГ

Денис Јовановиќ: Јас сум сосема спротивно од прикажаното

 

Кога ја подготвувавме кампањата за оваа сезона во услови кои никогаш не ги очекувавме, еден од најголемите предизвици беше изборот на соодветни модели за истата.

Имајќи ја можноста да работиме со модел кој беше дел од последната кампања на Долче и Габана, за нас тоа беше и повеќе од завршена работа.

Младиот и ултра харизматичен Денис Јовановиќ се чини секогаш ги држи ѕвездите во рака благодарение на неговата неверојатна енергија поради која иако млад, зад себе има блескава кариера која допрва ќе се развива.

Ние имавме исклучителна можност да се дружиме со него снимајќи ја кампањата за новата сезона, но сосема на крај, одвоивме време и да направиме кусо интервју во кое сакавме да го запознаеме подобро.

*Dolce & Gabbana 2020/2021 Branislav Simoncik

Очекувано, и тој имаше интересна приказна за неговите почетоци во моделингот, а ние го прашавме дали и кај него се случи оној момент на случајно откривање.

„Како што помисливте, сосема случајно ме открија преку социјалната мрежа Фејсбук кога имав 14 години. Добив повик за кастинг, а се потоа тргна по својот пат и се разви до ова денес“, раскажува 24 – годишниот Денис.

На прашањето каков беше животот пред Долче и Габана и колку таа соработка го промени и можеби му ги отвори вратите, Денис ќе каже:

„Бев сосема ист како што сум и сега. Гледам да не дозволам ниту еден клиент или било која работа да ме промени или воздигне. Јас сум човек што цврсто стои на земја, така ќе остане и да сум претседател на државата“, се смее Денис.

Го прашавме и дали има некој посебен ритуал пред да оди на кастинзи или пак нешто што секогаш носи со себе, но тој вели:

„Не постои такво нешто. Мојата карта за успех не е изгледот, туку тоа „Нешто“ што го поседувам како што ќе кажат многумина“.

*Dolce & Gabbana 2020/2021 Vogue

Не одолеавме, а да не го прашаме за локациите на кои се снимаше кампањата на Fashion Group и за тоа дали снимањето беше она што тој го очекуваше.

„Снимањето помина фантастично, можам да кажам дека кампањата беше едно неверојатно искуство. Имав можност да запознаам многу места низ Македонија, нешто што отсекогаш ми беше желба, а немав можност досега. Што се однесува до интересните моменти што би ги одвоил, не можам, бидејќи тоа беше еден спектакл од дружење, имаше навистина многу моменти. Но, вие гледајте ги фотографиите и мислете дека сме многу кул“, се шегува Денис.

Сосема на крај, го прашавме што е она што луѓето можеби и не го знаат за него, на што тој се надоврза:

„Луѓето за мене го знаат она што го пласирам на социјалните мрежи, а тоа е многу малку или речиси ништо. Јас сакам да кажам дека сум сосема спротивно од прикажаното“, вели Денис, кој додава дека како и сите други е нетрпелив да помине моменталната ситуација и да продолжи кон освојување на своите цели.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

30.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...