Барај
%
×
HUGO
Подготвени за Halloween: Новата колекција на Women’Secret x Harry Potter е магична!
БЛОГ

Подготвени за Halloween: Новата колекција на Women’Secret x Harry Potter е магична!

 

Понекогаш, се што ни треба е малку магија! Во пресрет на еден од „најстрашните“ празници, кој иако американски, прифатен е и од многу други народи, да се подготвиме да блеснеме во супер издание.

Во екот на пандемијата, задолжително мора да најдеме причина за забава, па оваа година не значи дека истиот треба да го пропуштиме, туку да го прославиме во малку поинакво издание.

Одвојте малку време од секојдневието и украсете го домот со класичните украси што асоцираат на празникот и израдувајте ги најмалите во домашна атмосфера. Домот нека ви замириса на најубавите мафини со тиква, а за дополнително расположение, ние го имаме вистинскиот одговор.

Колекцијата на Women’Secret во соработка со франшизата Harry Potter е како создадена за овие магични моменти, па од истата одберете пижами за вас и за вашите најмили и бидете кул семејство за Halloween кое прави фотографии за паметење.

Во волшебната колекција која е дефинитивно една од најдобрите соработки за годинава што изминува, ќе најдете и неверојатно топли прекривки и пернички со принт кои се совршени за надополнување на и онака магичните соби на вашите дечиња.

Со оглед на тоа дека доаѓа сезоната на најубавите празници од годината, во колекцијата постојат толку неодоливи парчиња, а како омилени се издвојуваат пижамите изработени од нежно кадифе, совршено топлите папучи, како и чорапите кои овојпат доаѓаат спакувани во толку мистично пакување.

Иако истата официјално беше лансирана кон крајот на летото, оваа прекрасна есен дизајнерите ја надополнија со нови и уште поубави парчиња што неодоливо потсетуваат на моментите од волшебната приказна на J.K.Rowling.

Овој сончев ден нека стане уште поубав со онлајн нарачка за вас или вашите најмили, а ние ќе се погрижиме да ја донесеме магијата во вашиот дом!

Посетете ги и продавниците на Women’Secret во Рамстор и Скопје Сити Мол за уште поудобни и секогаш уникатни парчиња.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

29.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...