Можеби и не постои поголем класик од Timberland чизмите кога станува збор за стилско отворање на студената сезона.
Удобни и секогаш повеќе од издржливи, чизмите со потпис на омилениот бренд години наназад се едни од најпрепознатливите и толку совршени за надополнување на секоја комбинација.
Кога говориме за зимските обувки, се чини Timberland чизмите се најголемиот класик кој секогаш носи посебна приказна зад себе.
Години наназад, овие чизми не се само обувки, туку станува збор за цело едно искуство, во кое вистински уживаат голем број луѓе ни светот.
Покрај класичните модели во жолта боја обожувани од стилските луѓе години наназад, брендот секоја сезона радува со по некоја нова боја и модел.
Ова време од годината, особено популарни се машките и женски хајкерси кои се совршениот избор за сите љубители на планината и пешачењето.
Целата визија на брендот од самиот почеток се насочува кон уживањето во благодетите на природата, активно учество во истата и дружба со пријателите, па така, сите нивни модели се направени соодветно да одговорат на предизвиците на природата.
Есента е совршено време за уживање, а новите модели на брендот едвај чекаат да ја раскажат нивната приказна. Совршено скроени за да ве заштитат од студот и од сите пречки со кои се соочуваме во природата, Timberland чизмите ќе бидат ваш сојузник дури и кога на патот ќе се сретнете со вода.
Иако класик, чизмите на Timberland секоја сезона се наоѓаат во стилските комбинации на познатите момци и девојки ширум светот, кои секогаш им додаваат нова доза шик на истите.
Доколку се уште се прашувавте кој е вашиот модел чизми за оваа сезона, новата колекција на брендот ќе ви даде одговор на тоа прашање. Подгответе се за прекрасната зима и сета белина што ја носи со себе и воопшто не двоумете се дали снегот ќе ви зададе проблеми и оваа година за долги прошетки во кои секогаш толку уживаме.
Фото: Unsplash
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: