Барај
%
×
HUGO
Најпознатите Mango&Timberland парчиња по неодоливи цени!
БЛОГ

Најпознатите Mango&Timberland парчиња по неодоливи цени!

 

Се сеќавате на сите оние парчиња што ги обожававте од вашите омилени брендови, но поради склоп на околности не успеавте да ги купите?

Веројатно барем едно ви падна на ум! Сите тие парчиња со потпис на Mango и Timberland од денеска повторно се онлајн, но овојпат со уште поубава приказна – намалени цени до -50%.

Во рамки на нашата понуда наречена „Flash Deals“, само за вас, селектиравме некои од најпопуларните парчиња од брендовите кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Она што треба да го знаете е тоа дека овојпат, цените се едноставно неодоливи, а вашиот плакар заслужува вакви безвременски парчиња без кои не може да помине ниту една сезона.

Нешто што треба да знаете и поради што не смеете да ја пропуштите оваа исклучителна шанса да поседувате дел од овие парчиња, е тоа што понудата трае до недела, а залихите неверојатно брзо се трошат.

Во надеж за подобри времиња кога животот повторно ќе се претвори во забава, одберете дел од елегантните парчиња какви што само Mango знае да понуди, но обновете ги вашите есенски комбинации и со дел од стилските џемпери, панталони и секогаш уникатни кошули.

Оваа сезона направете драматична промена во комбинациите, па во оние за на работа вметнете цветен фустан со долги ракави надополнет со кожени чизми до колена, или пак стилизирајте го омиленото карирано палто со панталони со ист принт.

За љубителите на добрите чизми, тука се иконските модели од Timberland кои можеби се единствените кои никогаш нема да бидат надвор од трендовите, па доколку во вашиот плакар се уште ги нема култните кафени, оваа понуда е сосема добар момент за тоа.

Знаеме дека една од најоснованите грижи на секој родител е добриот избор за обувки на неговото дете, па токму од денес, во рамки на оваа промоција можете да ги најдете најдобрите модели за деца со потпис на Timberland по супер цени.

Понеделникот е совршено ден за шопинг, па додека правите пауза од работа и го пиете омиленото кафе, одвојте ги вашите производи во кошничка бидејќи залихите исклучително брзо се намалуваат!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

19.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...