Есента со себе носи посебни предизвици, а новото нормално ги направи искушенијата уште поголеми.
Иако пандемијата се уште не е стивната, полека почнавме да се враќаме на уживање во секојдневните работи, овојпат на малку поинаков начин.
Во секојдневието секако го вклучуваме и враќањето во канцеларија, кое по толку голема пауза, знае да биде потешко од вообичаено.
За да си го направиме животот полесен и уживањето во есента уште поголемо, време е да направиме шик трансформација на плакарот.
Тоа подразбира создавање на неодоливи есенски комбинации во кои ќе вметнеме и некои летни парчиња и со стил ќе ја завршиме топлата сезона.
Кошула, чевли: Parfois, фармерки Mango
Пораскошна од било која друга сезона, есента ни дава можност за експериментирање со стилот и „украсување“ на секој стајлинг, а за тоа нема поромантичен бренд од Parfois.
Вљубеничките во модните додатоци ќе кажат дека токму таму ќе ги најдете совршените парчиња накит и чанти за секоја посебна пригода, а подеднакво привлечни оваа сезона се и парчињата облека од брендот.
Кошула, здолниште, потпетици: Parfois
Кога станува збор за комбинациите за на работа, се чини едно парче се издвојува од останатите, а тоа дефинитивно е кошулата која оваа романтична есен доаѓа во нови стилски изданија.
Дизајнерите на Parfois создадоа уникатни модели кошули кои совршено соодветствуваат со шик модели фармерки или здолништа, а надополнети со вистинските чевли и модни додатоци прават единствена комбинација за на работа.
Кошула, фармерки, еспадрили: Parfois
Од денеска па се до 16 -ти септември ќе ги најдете омилените производи од новата есен/зима колекција на Parfois на попуст од -10% онлајн и во сите продавници на брендот.
Овој четврток, за вас создадовме неколку комбинации со производи од брендот кои се како создадени да ја започнете работната авантура со стил!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: