Барај
%
×
HUGO
Шармантни есенски комбинации за стилски работни денови!
БЛОГ

Шармантни есенски комбинации за стилски работни денови!

 

Модната потрага за стилски парчиња за на работа завршува тука! За сите оние кои конечно се враќаат во канцеларија по долгата пауза или работа од дома, подготвивме неодолива колекција со која ќе ви го олесниме секојдневниот избор.

Иако трендовите постојано се менуваат, постојат неколку модни класици на кои секогаш сакаме да им се враќаме како плетениот фустан, стилското палто, кошулата во бела или сина боја и секогаш – добрите модни додатоци.

Момците пак, се чини секогаш и се враќаат на непогрешливата комбинација составена од кошула и фармерки или панталони, соодветна за стилски впечаток во текот на целиот ден.

Токму вакви модни евергрини сместивме во колекцијата која едноставно ја нарековме „Back to work“, а која изобилува со парчиња кои се истовремено шик и функционални, бидејќи токму тоа е добитната комбинација за на работа.

Ваквите класици се секогаш добра и непогрешлива инвестиција бидејќи истите се парчиња што ќе можете да ги носите одново и одново и секогаш да изгледате исклучително средени и шик.

Со истите имате можност да експериментирате и да ги направите што е можно повеќе свои со тоа што ќе им додадете ваша стилска нота со одбирање на уникатни модни додатоци.

Кога говориме за класици за секојдневниот изглед за на работа, тука не смееме да ги заборавиме ниту фармерките кои ако ништо друго, совршени се за омилениот и лежерен петок. 


 

 

Овие последни денови од август не ги заборавивме ниту децата, кои иако во сосема поинакви услови, сепак му се радуваат на училишниот септември. Само за нив, создадовме ултра слатка колекција полна дуксери, ранци, патики и други соодветни парчиња за на училиште во кои знаеме дека ќе сакаат да ги поминат сите среќни денови што допрва доаѓаат!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

 

26.08.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...