Веројатно не постои поубав период во животот од бременоста која со себе носи сериозни, но истовремено и прекрасни промени.
Кога говориме за промени, стилот на трудниците во последните години навистина доживеа една сосема поинаква димензија, па дамите уживаат и во регуларната облека која првично и не е наменета за тоа.
Благодарение на трендовите кои се повеќе се насочуваат на волуменозни парчиња, сега е полесно од кога и да е да бидете трудница со стил.
Познатите блогерки го прават токму тоа – уживаат во бременоста одбирајќи широки парчиња од регуларните колекции на нивните омилени брендови, а ние денеска издвоивме неколку само за вас.
Фустаните се дефинитивно првото парче што ве привлекува кога сте бремена, секогаш мислејќи на удобноста која во овие моменти е и најважна.
Но, познатите блогерки докажаа дека и здолништата и панталоните изработени од неодоливи материјали се совршен избор за оние денови кога фустанот е парче што не сакате да го носите.
Широките здолништа, шик панталоните со врвки во горниот дел, волуменозните кошули и меките џемпери се нешто без што не смеете да ја почнете есента, а истовремено се и толку удобни и неодоливи.
Во зависност од тоа во кој месец од бременоста сте, ние издвоивме неколку исклучително тренди производи од нашите нови колекции кои без проблем ќе се вклопат во вашиот труднички стил.
Инспирирајте се и од познатите скандинавски блогерки кои уживаат во бременоста со стил!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: