Трендот на плисирани или “хармоника” здолништа секоја сезона се провлекува суптилно со децении наназад.
Модата како еден цикличен процес повторно не навраќа на старите добри модни тенденции кои денес сеуште имаат огромен импакт врз она што е актуелно.
Маица: Guess Здолниште: Mango Пaтики: Geox Чанта: Parfois Здолниште: Mango Патики: Steve Madden Чанта: Desigual
Плисираните здолништа без сомнение се едни од водечките парчиња кај трендсетерките кои со леснотија ги комбинираат од дневна комбинација за на работа па се до изглед кој би бил соодветен за вечерна варијанта.
Без разлика дали би се одлучиле за пастелна нијанса или ќе бидете доволно храбри за динамична боја наш предлог денес е да ја искомбинирате со маица со кратки ракави од колекција на Guess која од денес можете да ја купите на промоција -20% намалување.
Во колекцијата на Mango ќе пронајдете здолништа од фина плетка кои одлично би се вклопиле во вашиот “street style” изглед.
Маицa: Guess Здолниште: Guess Сандали: Mango Чанта: Guess
Доколку се инспирирате од стилот на актуелните блогерки веруваме дека прв избор за чевли и оваа сезона би биле патиките кои покрај тоа што се удобни и тренди, без сомнение ќе ги искомбинирате во безброј шик комбинации.
Маицa: Guess Здолниште: Tommy Hilfiger Сандали: Parfois Ранец: Guess
Мора да признаеме дека никогаш не може да имате “премногу” бели маици. Најголемите вљубенички на Guess веруваме дека поседуваат барем една маица со лого од брендот, доколку не сега е совршен момент да ја купите омилена и ја искомбинирате со лелеаво здолниште од новата колекција на Tommy Hilfiger.
За да го “зачините” изгледот додадете црвен ранец и суптилни сандали за да добиете изглед на вистинска модна трендсетерка.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: