Барај
%
×
HUGO
Во четврток носиме...new arrivals!
БЛОГ

Во четврток носиме...new arrivals!

Има нешто толку посебно во летото што секогаш не тера да одбереме лежерни комбинации од „морето“ трендови што секојдневно се појавуваат.

Токму такви, неодоливи и шармантни парчиња ќе пронајдете во новите колекции од нашите брендови, кои денеска ги издвоивме само за вас. Овој четврток е совршен за шопинг на нови парчиња! 

Станува збор за парчиња кои можеби навидум се класика, но има нешто толку романтично и прекрасно во нив што ги прави попривлечни од кога и да е.

Дел од парчињата ги красат волуменозните ракави кои знаеме дека секогаш ги обожавате, а со истите сезонава се украсени неодоливите кошули и лежерните фустани.

Нема ништо поубаво од пријатен материјал во впечатлива боја, суптилно украсен со деликатни копчиња, создаден за прошетките покрај крајбрежјето, а уште поубав за некоја специјална пригода.

Комбинацијата пак од карнери, романтична тантела заедно со стилски џинс во широка варијанта, е се што една девојка може да посака за ова лето, а токму ваквите парчиња ќе ги најдете во новата Mango колекција.

Кога на сите овие парчиња ќе им додадете уникатен накит, дополнително разубавен со летни мотиви како бисерни школки, колоритни мониста и златни нијанси како подлога, тогаш имате се што ви треба за ова лето.

Меѓу новите парчиња ќе најдете и совршени кошули, панталони и впечатливи фустанчиња за секојдневните работни обврски за кои понекогаш ни треба дополнителен мотив, а сега го имате.

Погледнете ја нашата нова колекција полна стилски парчиња од вашите омилени брендови, а очекувајте уште многу нови и прекрасни работи за сите шик денови пред нас.

Направете онлајн нарачка уште денес, но посетете ги и нашите продавници за уште понеодолива понуда. 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

09.07.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...