Кога говориме за летни комбинации за момците, меѓу првите парчиња на листата секогаш се бермудите, бидејќи постојат безброј комбинации што можеме да ги правиме со истите.
Без разлика дали сте спортски тип, или пак сакате да се дотерате и одбирате бермуди во секоја прилика, комбинациите со едноставна маичка на куси ракави или пак некоја стилска кошулка секогаш се супер избор.
Кога говориме за бермуди, од исклучителна важност е да ја одберете вистинската должина зависно од пригодата и целосната комбинација.
Маица: Boss, Патики: Levi's, Машка торба: Calvin Klein, Бермуди: Replay
Ова е совршено парче кое има супер примена во секојдневниот живот, па така, доколку одберете карго бермуди со истите можете да поминете исполнет ден на планина и на прошетка, но истите можете да ги искористите и за попладневно кафе со пријателите.
Бермуди: Springfield, Патики: Timberland, Маичка: Timberland, Кошула: Springfield
Бермудите од тексас пак се летен класик години наназад и одлично се вклопуваат во комбинациите кога треба да завршите некоја работа во екот на летото, а сепак сакате да оставите впечаток.
Тајната на успешната летна комбинација во која истовремено ќе се чувствувате убаво и ќе можете да ги издржите високите температури е секогаш изборот на парчиња во светли нијанси.
Бермуди: Scotch&Soda, Маичка: Diesel, Еспадрили: Geox, Ремен: Springfield
Токму поради тоа, бермудите во крем, сива или пак за похрабрите, розова нијанса, е одличен избор и за деновите од одморот кога сакаме вистински да уживаме во слободата.
Оваа сезона, обновете го плакарот со нови и стилски модели на бермуди во кои ќе сакате да го поминете секој ден од летото!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: