Нема ништо поубаво од петок во лето кога пред нас е цел викенд и безброј можности за уживање во убавините на слободата.
Овој викенд направете совршен план за бегство од жештините и организирајте се со семејството за прошетка во планина, ручек во некое излетничко место или неодоливо разладување во прекрасните места што ни ги нуди земјата.
Ние сме тука за да ви ја олесниме потрагата по впечатливи комбинации без разлика на пригодата, па денеска ве запознаваме со дел од новите парчиња од нашите брендови кои се како создадени за лето.
Одберете некое од стилските фустанчиња од колекцијата на Springfield или пак од лежерните кошули од новата колекција на Parfois и дополнително, украсете ги со впечатливи еспадрили или сандали за супер удобен ден.
Украсете ги со неодоливиот накит целосно посветен на летото, како и со модните додатоци како сламени торби или впечатливи шапки.
Она што веројатно секогаш прво го бираат момците се маичките на куси ракави, особено за време на викендот кога сите сакаме да уживаме во лежерноста.
Во зависност од пригодата, комбинацијата од маичка и куси панталони или костим за капење доколку одиме покрај вода, надополнете ги со патики, еспадрили или некои шик папучи.
Погледнете ја целосно новата понуда создадена само за вас и запомнете, шопинг во петок е секогаш добра идеја!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: