Барај
%
×
HUGO
Style of the day- Cute pastel outfits!
БЛОГ

Style of the day- Cute pastel outfits!

Нема поубав период од летото за комбинации со пастелни бои, па сега е вистинско време да си направиме неколку стајлинзи за работната недела.

Денеска, ви предлагаме неколку парчиња сместени во три неодоливо пастелни комбинации од кои можете да направите безброј стајлинзи.

Без двоумење, во комбинациите сместивме еден од најголемите летни класици – лежерниот фустан, овојпат во жолта нијанса, а истиот го носиме со омилените летни папучи со впечатлива панделка.

Фустан: Mango, Папучи: Mango, Чанта: Guess, Додаток за коса: Parfois, Очила за сонце: Parfois

Комбинацијата со овој фустан е совршена за летна прошетка, но и за стилски работен ден доколку средината ви го дозволува тоа.

Подеднакво привлечни секогаш се и женските костими кои се чини дека никогаш нема да излезат од мода, па без разлика што веќе е лето, секогаш е вистинско време за комбинации со истите.

Палто, панталони, сандали, блуза: Mango, Очила за сонце: Parfois, Обетки: Parfois, Чанта: Parfois

Комбинацијата од панталони и шик маичка на куси ракави дополнете ја и со уникатно палто во неодолива виолетова нијанса кое секогаш е супер избор ако работното место од вас бара елегантни парчиња.

Доколку сте од оние кои ја бираат удобноста пред се, комбинациите со патики не значи дека треба да бидат здодевни. Небесно сините широки фармерки комбинарајте ги со уникатен топ во бела нијанса на кои ќе им додадете романтично розово палто кое е едно од култните парчиња во плакарот на секоја дама.

Палто, патики: Guess, Топ, фармерки: Mango, Чанта: Parfois

Иако станува збор за стилско палто, тоа не значи дека истото не можеме да го комбинираме со патики, овојпат во преслатка розова нијанса совршена за безброј комбинации.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

29.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...