Се чини дека летото конечно пристигна во градот, па време е да ги направиме сите комбинации за кои досега мечтаевме.
Постојат неколку парчиња што секој треба да ги има во својот плакар, бидејќи истите се како создадени за бројни пригоди меѓу кои и обичен ден на работа, прошетка со пријателите, уживање на плажа, или пак некоја посебна пригода.
Во колекцијата која ја нарековме едноставно Key Pieces, вметнавме неколку парчиња за кои знаеме дека ќе се согласите, се вистински класици.
Меѓу нив, малиот црн фустан што секогаш излегува во пресрет независно од ситуацијата, потоа цветниот лелеав создаден за топлите летни денови, романтичниот бел кој секогаш ни треба, но и памучните маички на куси ракави и кошули за момците.
Како и секогаш, и во оваа колекција одвоивме место за култните парчиња како уникатната тексас јакна или пак удобната и неодолива долна облека, а за оние што сакаат нешто поинакво, додадовме и парчиња како стилско боди кое во комбинација со џинс изгледа совршено.
Во потрага по соодветните модели во кои ќе сакате да ја поминете топлата, но и есенската сезона што допрва доаѓа, одберете парчиња од оваа колекција која е навистина посебна.
Со помош на стилски модни додатоци и секогаш шик чевли, со овие парчиња ќе направите безброј комбинации за секој ден од неделата.
Петок е совршен ден за полнење на кошничката!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: