За време на посетета на Центарот за елитни спортисти во Мадрид, кралицата на Шпанија Летиција е забележана во парче од новата колекција на брендот Mango.
По долгиот период на изолација, во која отсуствуваа и спортските тренинзи, кралот и кралицата го посетиле Центарот во Мадрид во знак на поддршка на спортистите кои веќе ги започнале своите тренинзи.
Стајлингот на кралицата е едноставен и елегантен, бел костум во комбинација со беж топ од брендот Mango, а изгледот е комплетиран со чевли на полна пета.
Кралицата е позната по својот префинет и софистициран стил, како и по вештото комбинирање на различни видови на брендови, секогаш поддржувајќи ги локалните шпански модни куќи.
Во новата колекција, брендот смести неодоливи модели на топ маички кои се едни од омилените во текот на летните денови, а вашиот фаворит можете да го одберете на следниов линк.
За софистициран изглед, белата боја секогаш е избор број еден, па доколку ви претстои некоја специјална прилика или пак едноставно, сакате да изгледате впечатливо и на работа, белиот костим е како создаден за тоа.
Фото: Getty Images, Style.nine
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: