Барај
%
×
HUGO
Replay x Neymar Jr. - стилска колекција со акцент на безвременски парчиња
БЛОГ

Replay x Neymar Jr. - стилска колекција со акцент на безвременски парчиња

Фудбалската легенда на Paris Saint-Germain, Neymar Jr ја потпишува најновата капсулна колекција за водечкиот италијански бренд во премиум џинс секторот, Replay.

Парчињата од оваа колекција го претставуваат совршениот спој на автентичниот Replay стил со карактерот на бразилската ѕвезда.

Едно до највпечатливите парчиња со сигурност е црната деним јакна со кожни ракави и префинети детали, како специјални патенти, бронзени метални елементи и еднобојна апликација на логото. 

Сето ова на парчето облека му дава урбана нишка, а во исто време го презентира и врвниот квалитет на изработка. Две ексклузивни кошули се исто така едни од подоминантните парчиња во колекцијата – едната од нив е од црн тексас со патенти и бронзени детали слично како јакната, додека пак другата е со црвено-црн кариран дезен и џебови во вестерн стил.

Целосниот изглед е комплетиран со Replay BIO џинсот направен од органски памук и рециклиран полиестер, со слим фит и прилично тесни ногавици. Овие фармерки го содржат натписот ‘Replay Neymar JR’ извезен на глуждот и задната страна од фармерките заедно со логото.

Колекцијата вклучува и еден мантил во „oversized“ модел и кожни ракави.

Сите овие парчиња се безвременски, а тоа што го носат потписот на фудбалската ѕвезда ги прави уште поуникатни и вредни да се имаат и да се носат многу подолго од една сезона.

Покрај оваа колекција, од денеска можете да најдете и уникатни парчиња со потпис на брендот инспирирани од легендата Tupac, но и нови производи во кои знаеме дека ќе сакате да го поминете летото.

Парчињата од оваа впечатлива капсулна колекција и сите останати, можете да ги најдете во продавниците Replay и Fashion&Friends во Skopje City Mall, како и онлајн, на www.fashiongroup.com.mk.


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

12.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...