Барај
%
×
HUGO
Во четврток носиме – точки и пруги!
БЛОГ

Во четврток носиме – точки и пруги!

Претпоследниот ден од работната недела секогаш е надеж дека има само уште еден ден до омилениот викенд!

Иако утрово се разбудивме со малку облачно време, тоа не е причина да не се дотераме во парчиња со едни од омилените принтови на сите времиња – точки и пруги!

Ако ви здодеаја сите оние нежни бои кои преферираме да ги комбинираме во текот на летните денови, сега е вистинско време да внесете малку возбуда во дневните стајлинзи, а истото особено важи и за костимите за капење како едни од омилените во екот на летото.

Нема ништо подобро од лежерен и удобен фустан создаден за уживање секој ден, а денеска меѓу сите парчиња со точки, имаме и еден токму таков.

Истиот е со совршена должина за на работа, но и за сите други прилики на кои ќе им се радуваме во иднина.

Покрај летните класици како овој фустан, за секојдневните стилски стајлинзи незаменливи се и здолништата, а ако истите имаат точкаст принт, тогаш имате се што ви треба.

Подеднакво привлечни за шармантен изглед се и кошулите во истиот принт, а во нашата колекција „Точки и пруги“ сместивме неколку модели од кои имате можност да го одберете вашиот омилен.

За сите оние слободни денови кога сакате да уживате на прошетка со семејството или едноставно, да се чувствувате удобно и дома, маичките од Superdry со шармантни точки се вистинскиот избор за вас.

Што и да одберете, верувајте дека парчињата со точкаст принт секогаш ќе бидат класици од кои нема да сакате да излезете!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

 

11.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...