Барај
%
×
HUGO
Шармантен накит што ќе се вклопи во сите летни комбинации
БЛОГ

Шармантен накит што ќе се вклопи во сите летни комбинации

Кон крајот на месецот и официјално ќе го пречекаме летото, најубавиот период од годината, полн можности за експериментирање со стилот.

Ако судиме според првите летни колекции на познатите и high street брендови, трендовите сезонава се движат во насока на удобни и едноставни парчиња со интересен крој, претежно изработени од лесен материјал.

Кога овие модели ќе ги надополниме со шармантен и минималистички накит, тогаш имаме безброј совршени летни комбинации.

Оваа сезона, вашиот омилен бренд Guess има неодоливи модели накит, почнувајќи од впечатливи часовници за сечиј вкус, но и шармантни ланчиња и алки совршени за надополнување на сите ваши комбинации.

Што се однесува до боите кај накитот, оваа топла сезона девојките сакаат да комбинираат златни и сребрени нијанси како едни од најпосакуваните.

Се разбира, секогаш ни треба малку боја за дополнително разубавување на денот, па во колекциите накит на Parfois и Mango, ќе најдете парчиња со прекрасни летни мотиви.

Одберете ги фаворитите и вклопете ги во вашата модна приказна ова лето, а истите се вистински избор и за подарок за саканите.

Во продолжение, издвоивме неколку модели во кои знаеме дека ќе се заљубите!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

 

 

 

03.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...