Барај
%
×
HUGO
Ја разубавуваме пролетта со ексклузивни парчиња од Levi’s
БЛОГ

Ја разубавуваме пролетта со ексклузивни парчиња од Levi’s

Веројатно на сите ни е тешко стилски да поминеме од студената кон топлата сезона, особено со вакви промени во времето, но ние сме тука да го направиме процесот полесен.

Сега е вистинско време да го разубавите плакарот со неколку клучни парчиња што никогаш нема да излезат од мода, а таков е и брендот што ги потпишува – Levi’s.

Ние направивме ексклузивна селекција на парчиња што се вистински класици и кои се добредојдени во секое време, без разлика на пригодата и временските прилики.

Станува збор за исклучително впечатливи производи, совршени за секојдневни прошетки, неодоливи за casual friday, идеални за вежбање.

Во пролет, нема ништо поубаво од џинс во светла нијанса, па така во оваа ексклузивна колекција ќе најдете фармерки со кои можете да направите безброј комбинации, тексас палта совршени за „крунисување“ на комбинациите, но и фустани во кои ќе сакате да го поминете цело лето.

Ако изминатите сезони говоревме за тренди парчиња чија популарност најчесто е минлива, овие со кои ве запознаваме денеска се производи што секој би требало да ги има во плакарот и за кои сме сигурни дека секогаш ќе бидат хит.

Момците ги потсетуваме дека сината едноставна кошула секогаш е полн погодок, а токму таква сместивме и во оваа ексклузивна колекција на Levi’s. Можете да ја комбинирате со фармерки во слична нијанса за целосно кул тексас изглед, но и со бермуди за сите топли денови што доаѓаат.

Подеднакво популарни се и поло маиците кои сезонава доаѓаат во пастелни нијанси за мажите кои сакаат да експериментираат, а сепак да изгледаат стилски и да се издвојат од толпата.

Погледнете ја ексклузивната понуда на Levi’s и одберете ги култните парчиња за кои ќе ни заблагодарите подоцна.

Да почнеме со полнење на кошничката!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

27.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...