Иако и официјално веќе одамна е пролет, оваа недела се чини ќе уживаме во убавините на дождот. Тоа во ниту еден момент не треба да значи дека ќе се откажеме од стилските комбинации за на работа или прошетка, туку напротив, ќе ги направиме уште постилски.
Во новите колекции на вашите омилени брендови кои можете да ги најдете во нашата онлајн продавница, дизајнерските тимови сместија неодоливи парчиња кои истовремено се исклучително впечатливи, а и ќе ве заштитат во ваквите облачни и дождливи денови.
Сега е совршен момент да си го нарачате омилениот блузон, тенко џемперче или кошула на долги ракави на неодолив попуст што го подготвивме само за вас.
Истите комбинирајте ги со стилски панталони и удобни шик патики за на работа или пак со фармерки со висок струк за слободните денови што толку ги обожаваме.
Јакните се секогаш на прво место кога говориме за дожд, па така, вашиот плакар секогаш треба да е подготвен барем со една кожена јакна, со една водоотпорна за деновите кога не сакате да носите чадор и секако, со неизбежното дождовно капутче.
Иако можеби пролетта не ве асоцира на комбинации со чизми, секако постојат и модели кои се соодветни за ова време, а со кои ќе се заштитите од дождот и ќе изгледате супер стилски во истовреме.
Сепак, патиките се најдобар избор за ова време од годината, а во нашата нова понуда ќе најдете модели во кои знаеме дека ќе се заљубите и ќе можете да ги комбинирате со безброј парчиња од плакарот.
За момците, истите се секогаш опција број еден, а надополнети со тренди јакни кои се како создадени за ова време од годината, навистина се полн погодок.
Оваа недела „играјте“ си со имагинацијата и направете комбинации во кои ќе уживате во текот на целиот ден, без разлика на пригодата, а ние ви нудиме доза инспирација преку фотографии и директен линк до производите кои можете да си ги набавите уште денес.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: