Барај
%
×
HUGO
Кој рече дека не може да носиме црно во лето?
БЛОГ

Кој рече дека не може да носиме црно во лето?

Иако речиси сите пролетни колекции на познатите дизајнери и high street брендовите се полни со светли и претежно пастелни нијанси, постои една боја која никогаш нема да биде здодевна – црната!

Доколку сега помисливте дека ова не е боја што би ја носеле во текот на топлата сезона, ве уверуваме дека грешите и дека постојат парчиња од исклучително пријатни материјали кои се совршени за уживање во лето.

Станува збор за боја која сите ја обожаваат, едноставна е за комбинирање и најважно од се, секогаш изгледа неверојатно елегантно.

Во зависност од пригодата, за неодоливите летни денови можете да одберете стилски комбинезон доколку работните обврски ви го дозволуваат тоа или пак елегантен фустан ако во текот на денот имате повеќе состаноци.

За слободните денови од викендот што секогаш се толку кратки, одберете памучна црна маичка на куси ракави и комбинирајте ја со стилски џинс со висок струк и удобни патики.

Колекциите се полни уникатни парчиња, па така може да одберете тантелна црна блузичка или кошула, транспарентни фустанчиња, спортски хеланки, шармантна долна облека, па дури и костими за капење.

Она со што никогаш нема да погрешите е монохроматскиот изглед, односно во случајов целосно црната комбинација со која секогаш можете да покриете повеќе пригоди во текот на денот.

Комбинирајте ги црните парчиња со накит во златни нијанси, додатоци во која боја и да посакате, а разведрете ги со чевли во некои посветли тонови.

Почнувајќи од фустанчиња со едноставни кроеви, па се до романтични кошулки и памучни маички на куси ракави, во нашата онлајн продавница уште денеска ќе го најдете вашиот фаворит.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                      

22.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...