Барај
%
×
HUGO
Сара Јо, попусти и подароци на виртуелното отворање на продавницата GUESS
БЛОГ

Сара Јо, попусти и подароци на виртуелното отворање на продавницата GUESS

Овој петок, со почеток во 20 часот ќе се одржи долгоочекуваното, виртуелно отворање на продавницата GUESS, а само за вас, подготвивме многу изненадувања што ќе траат во текот на целиот ден. 

На наше големо задоволство, продавницата преку нашиот профил на Инстаграм ќе ја отвори една од најголемите балкански ѕвезди во моментов, Сара Јо која ќе ги презентира неодоливите парчиња од сезоната пролет/лето 2020. 

За забавата да биде уште подобра, во текот на целиот ден на отворањето ќе може да ги одберете вашите омилени парчиња на попуст, првите 50 кои ќе купат ќе добијат ваучери за следно купување, а за најголемите обожаватели на брендот, подготвивме и неколку подароци што ќе ги доделиме преку нашиот Инстаграм профил.

Веројатно веќе знаете дека заштитното лице на брендот за оваа сезона е прекрасната Џенифер Лопез, па сега и вие ќе имате ексклузивна можност да поседувате некои од парчињата што таа ги обожува.

Новата колекција предизвика огромен интерес и кај познатите блогерки, но и општо, кај дамите ширум светот кои на социјалните мрежи постојано објавуваат комбинации направени со шармантните парчиња.

Во пролетната колекција на брендот дизајнерите сместија навистина голема понуда, почнувајќи од класичните дуксери и маички на куси ракави со принт во предниот дел, па се до раскошни фустани и тантелни блузи во кои ќе сакате да го поминете секој топол ден.

Подеднакво актрактивна е и понудата на брендот за мажи, а во која ќе најдете неверојатно удобни и тренди маички на куси ракави, дуксери, пролетни јакни, фармерки, модни додатоци и впечатливи чевли.

Следете ги сите новости поврзани со виртуелното отворање на омилената GUESS продавница на нашите социјални мрежи и уживајте во друштво на единствената Сара Јо и неодоливата понуда на брендот, утре во живо во 20 часот!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

16.04.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...