Покрај најслаткиот бренд на нашата онлајн продавница што го поставивме неодамна – Окаиди, деновиве ве радуваме со уште еден, неверојатно луксузен и секогаш толку посакуван – Rossi!
Станува збор за италијански моден бренд за чевли кој е еден од омилените на познатите личности ширум светот, благодарение на чистиот, но секогаш впечатлив и уникатен дизајн.
Она на што овој бренд секогаш му посветува внимание и го става на прво место при секоја изработка е исклучителниот квалитет, а веднаш потоа и тренди дизајните кои некако суптилно се провлекуваат низ изработката.
Брендот е познат по совршените дизајни кои секогаш се олицетворение на она што мажите и жените сакаат да го носат – чевли што ќе ги обожаваат со години.
Инаку, самиот дизајнер, Џанвито Роси долги години работи кај неговиот татко и е сведок на изработка на неодоливи чевли, па решава самиот да ја изрази неговата естетика и уметност за што добива признание од светски личности како Гвинет Палтроу, Сара Џесика Паркер, Кјара Ферањи, бројни уредници на модни магазини, како и самата Војвотка од Кембриџ – Кетрин Мидлтон.
Она што тој го прави за мажите пак, се неверојатни модели на чевли во кои ќе посакате да танцувате цела ноќ или пак да уживате во текот на целиот ден и да се чувствувате толку слободно.
Токму ваквите модели, покрај во продавницата на Bitsiani, отсега можете да ги најдете и на нашата онлајн продавница и да го изберете вашиот совршен чифт веќе за следната пригода.
Во понудата на брендот ќе најдете супер удобни патики за секојдневни и тренди комбинации, класични чевли за моменти кога сакате да се издвоите од толпата, но и утра тренди модели за мажите со посебен уметнички дух.
Како што самиот дизајнер ќе каже, во чевлите што ги носиш треба да се чувствуваш самоуверено, ако не е така, тогаш тие не се вистинските чевли за тебе!
Одберете ги оние во кои вие ќе се чувствувате стилски и самоуверено и уште денес ставете ги во кошничка каде само сега, ве очекува неодолив попуст од 20 проценти на сите модели.
Добредојде Rossi!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: