Барај
%
×
HUGO
Совршените модели на јакни за променливото време
БЛОГ

Совршените модели на јакни за променливото време

На секоја комбинација што ќе ја направите и треба стилски завршеток со кој ќе означите дека стајлингот е готов, а вие сте подготвени за освојување на светот.

Во периоди кога времето е исклучително променливо, во вашиот плакар треба да се најдат неколку модели на соодветни јакни, мантили или пак елечиња кои ќе ви завршат работа кога некое утро ќе се разбудите со дожд, иако очекувавте сонце.

с

Токму таквите парчиња се секогаш вредни за инвестиција, бидејќи ќе ви бидат потребни и на пролет, но и на есен, па дури и во оние зимски сончеви денови кога температурите се неочекувано високи.

Секоја дама во својот плакар треба да поседува барем еден стилски мантил во крем или некоја темна нијанса, а ова променливо време е совршено и за некоја тенка јакна или пак елече кое секогаш добро изгледа во комбинација со шик фармерки и некое топло џемперче.

Класичниот мантил од кој можете да најдете неверојатни тренди варијации кај нашите брендови, секогаш ќе му даде неверојатен изглед на секој ваш стајлинг, особено оние деловните и во моментите кога сакате да оставите особен впечаток за некоја средба.

Кожените и тексас јакните се уште се едни од омилените на девојките ширум светот, па така доколку оваа сезона решивте да ја замените постоечката, на нашата онлајн страна ќе најдете голем број на модели во сосема нови и шик изданија.

Деновиве кога најважно од се е да останете дома, одберете ги вашите фаворити и направете си неколку комбинации во вашата кошничка, а истите ќе ви бидат испорачани со бесплатна достава од нашите доставувачи кои се заштитени со опрема според стандардите на СЗО.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

25.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...